Содржина

Вовед. 3

Лична карта на училиштето.. 4

Општи податоци за училиштето. 4

Верификација според видот на образованието.. 6

Просторни услови за работа на училиштето. 6

Материјално – технички услови за остварување на воспитно – образовната работа. 7

Структура на училиштето. 9

Наставен кадар. 10

Степен на образование на вработени. 10

Старосна структура на вработени. 11

Ученици. 15

Мисија и визија на училиштето.. 1

Стекнати искуства. 6

Подрачја на промени, приоритети и цели. 7

Акциски планови. 8

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 2.A :  Формирање на тим од наставници кои ќе бидат обучени да работат на проекти и долгорочни планирања. 12

РАЗВОЈНА ЦЕЛ : 2.Б:  Формирање на тим од наставници кои ќе бидат обучени да работат на проекти и долгорочни планирања. 13

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 2Б:  Усовршување на наставниците и стручните соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици. 15

Усовршување на наставниците и стручните соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици. 15

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 2: ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ. 17

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 2Б: Усовршување на наставници и стручни соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици. 17

РАЗВОЈНАЦЕЛ 3.А: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ КАЈ БИЗНИС- ЗАЕДНИЦАТА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. 20

РАЗВОЈНАЦЕЛ 3А: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ КАЈ БИЗНИС- ЗАЕДНИЦАТА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ. 21

КАЛЕНДАР ЗА РАБОТА ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 година. 24

Настава. 28

Задолжителна настава. 29

Проектни активности/слободни часови. 36

Изборна настава. 37

Дополнителна настава. 38

Додатна настава. 39

Продолжителна настава. 39

Менторска настава. 39

Практична настава. 39

Поврзување на еколошката програма со редовната настава. 42

Употреба на ИКТ во наставата. 42

Ученички екскурзии. 44

Оценување. 49

Видови оценување и календар на оценување. 49

Тим за следење, анализа и поддршка. 51

Самоевалуација на училиштето. 51

Вон – наставни активности. 51

Училишен спорт. 51

Секции и слободни ученички активности. 52

Ученички натпревари. 52

Општествено-хуманитарна работа. 52

Еко – патроли. 53

Поддршка на ученици. 53

Постигнување на учениците. 53

Превентивна програма против насилство. 53

Превентивна програма против болестите на зависност. 54

Безбедност во училиштето. 54

Позитивна социо – емоционална клима. 54

Грижа за здравјето.. 55

Хигиената во училиштето. 55

Систематски прегледи. 55

Вакцинирање. 55

Едукација за зрава исхрана. 55

Училишна клима и односи во училиштето.. 56

Дисциплина. 56

Естетско и функционално уредување на просторот во училиштето. 56

Етички кодекси. 56

Мулти-културализам.. 56

Односи меѓу сите структури. 56

Професионален развој на образовниот кадар. 57

Детектирање на потребите и приоритетите. 57

Активности за професионален развој 57

Личен професионален развој 57

Хоризонтално учење. 57

Вклученост на семејствата во училиштето.. 57

Комуникација со јавноста и промоција на училиштето.. 59

Локална заедница( локална самоуправа, бизнис заедница, месно население) 59

Институции од областа на културата. 59

Институции од областа на образованието. 60

Невладини организации. 60

Спортски друштва. 60

Здравствени организации. 60

Медиуми. 60

План за евалуација на акциските планови. Error! Bookmark not defined.

 

Врз основа на член 29 од Законот за средно образование ( Сл.весник на Р. С. Македонија број 52/2002 ) и член 19 од Статутот на ОСУ,,Ацо Русковски,, Берово, Училишниот одбор на седницата одржана на 30.8.2019 година ја донесе следната:

 

 

Годишна програма за работа на Училиштето во                                       учебната 2019/2020 година

Вовед

 

Училиштето како комплексна институција со специфичен карактер и разновидност на активностите бара навремено планирање на задолженијата, дејностите и ангажманите со што се овозможува непречена континуирана работа и реализација на планираните цели и задачи. За таа цел со оваа Програма за работа на училиштето се предвидуваат и планираат задолженијата и задачите на сите составни структури.

Тргнувајќи од законските нормативи, Годишната програма за работа на училиштето ќе се темели на минатогодишните позитивни искуства и планираните задачи, активности и содржини од приоритетните цели за учебната 2019/20 година на кои основи се планирани активности, содржини и начини за надминување на слабостите и продолжување на јаките страни.

Содржината на Годишната програма се темели на добиените тези од процесот на самоевалуација и ги опфаќа подрачјата од општата програмска структура.

Цел на програмата за работа за оваа учебна година е подобрување на условите и ефикасноста во работата преку организирање системи на планирање, реализација и следење на севкупната воспитно-образовна работа.

Годишната програма за работа на ОСУ ,,Ацо Русковски,, Берово претставува оперативен план за работа со кој е програмирана целокупната работа во училиштето. Овој суштински документ треба ефикасно да не води при реализација на планираните глобални активности, ефикасно следење на сите чинители на воспитно-образовниот процес, ги предвидува сите форми и начини на работа овозможени од условите во кои работи училиштето: материјално-технички, кадровски, финансиски и други услови во пошироката заедница каде егзистира училиштето.

Планирањето на сите активности во текот на учебната година опфатено со Годишната програма за работа е мошне важно за успешно изведување на воспитно-образовната работа и севкупниот живот во училиштето.

Годишната програма на училиштето дава одговори на прашањата што, кој и кога се реализира, а со што се рационализираат времето и напорите.

Цел на планирањето е подигање на квалитетот на работата на училиштето.

Планот ја олеснува реализацијата на програмираната работа и задачи и ја оневозможува стихијноста.

Програмата за работа се заснова на следните принципи:

  • Реално поставување на задачите
  • Конкретизација на задачите и обврските на наставниците и учениците
  • Современост, што е предуслов на времето и општествено–економските услови.

Годишната програма за работа на училиштето се заснова на поголем број на документи и тоа:

  • Законот за средно образование;
  • Законот за работни односи;
  • Законот за јавни набаки;
  • Статут на училиштето;
  • Етички кодекс;
  • Деловници за работа на органите;
  • Правилници (за работа на комисиите, за дежурства на професори, за работно време ), Наставни планови и програми;
  • Програма за развој на училиштето;
  • Извештаи (за работата во претходната учебна година, извештај од интегралната евалуација, од самоевалуацијата) и сл.

 

Лична карта на училиштето

          Општи податоци за училиштето

 

Име на училиштето Општинско средно училиште ,, Ацо Русковски Берово
Адреса, општина, место Улица  ,,Дамјан Груев” бр 15 Берово
Дисперзирани паралелки Пехчево Улица ,, Дамјан Груев” бр 3 Пехчево
Телефон 033/471 – 074
Факс 033/471 – 468
Е-маил aruskovski@yahoo.com
Веб сајт acoruskovski.edu.mk
Основано од Општина Берово
Верификација број на акт Учебна 1951/52 – неполна гимназија

Акт бр. 5138 од 08.09.1953 полна гимназија

Година на верификација 1953
Јазик на кој се изведува наставата македонски
Година на изградба 1998 година пуштена во употреба нова зграда
Тип на градба тврда
Површина на објектот 3 685 m2
Површина на училишниот двор 10 000 m2
Површина на спортски терени и       игралишта 1 610 m2 (спортска сала)
Училиштето работи во смена една
Начин на загревање на училиштето Сопствено парно греење на нафта и дрва
Број на паралелки 26

 

Посебен фиксен телефонски број за потребите на дисперзираните паралелки засега нема, но се користат службени мобилни телефони.

Верификација според видот на образованието

 

Гимназиското образование во Берово датира од учебната 1951/1952 година како неполна гимназија која во учебната 1953/1954 година согласно акт бр. 5138 од 08.09.1953 година со Решение на Советот за просвета на НРМ прерасна во полна гимназија.

Училиштето е верифицирано за гимназиско и за стручно образование во согласност со Наставниот план и програми за :

  • општествено – хуманистичко подрачје
  • природно – математичко подрачје
  • јазично – уметничко подрачје

Со Решение бр.09-2473/1 од 15.05.2004 година на Министерството за образование и наука на Р.Македонија.

  • текстилно-кожарска струка/ текстил, кожа и слични производи

Со Решение бр.11-2471/2 од 16.05.2006 година на МОН на РМ.

  • Решение за просторно сместување на дисперзирани паралелки во I, II, III и IV година гимназиско образование во ОУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево бр.11-7124/1 од 25.09.2008 година на МОН на Р.Македонија

Оваа учебна година имаме седма  генерација угостителско – туристичка струка верифицирана со Решение бр.11-3064/4 од 23.08.2013 година.

 Просторни услови за работа на училиштето

 

Воспитно – образовната дејност во училиштето се одвива во две  училишни  згради, една во Берово (од 1998) и една во Пехчево ( од април 2017  ).  13 училници се опремени со компјутери за секој ученик и мрежно поврзани со интернет конекција, кабинет по информатика, библиотека, 1 училишна спортска сала, училишен двор од 10 000 м2 со спортски терени, канцеларија за наставници, кабинети и други помошни простории. Практичната настава за текстилно-кожарската струка се изведува во две соодветно опремени работилници, а за практична настава за угостителско-туристичката струка во тек е доопремување на соодветна просторија. Оваа учебна година ја започнавме во простории кои од функционален, естетски и хигиенски поглед се на високо ниво.

Во учебната 2019/2020година во гимназиско и стручно образование се запишани 395 ученика.

Наставата е организирана во една  смена, со 22 паралелки во Берово и 4 во Пехчево.

Вкупен број на училишни згради 1+1
Број на спортски терени 1+1
Број на катови приземје+1 кат
Број на училници+работилници 23+2
Број на помошни простории 16
Училишна библиотека 1
Начин на загревање на училиштето сопствено парно греење на нафта и дрва

Материјално – технички услови за остварување на воспитно – образовната работа

 

Наставните средства се значаен фактор за успешно реализирање на воспитно-образовните цели и задачи. Опременоста со наставни средства, помагала и материјали придонесува за зголемување на активноста на учениците, подигање на нивото и квалитетот на наставата и реализирање на програмските барања, а со тоа и за постигнување на подобри резултати.

Училиштето располага со простор и опрема кои ги задоволуваат стандардите за квалитетно изведување на наставата според наставните планови и програми кои се изведуваат во училиштето. Трендот на доопремување на училиштето со потребна опрема за изведување на теоретска и практична настава нема да застане, напротив, училиштето и понатаму ќе настојува преку сопствените и други средства да го доопремува и осовременува.

Бесплатните учебници и оваа година  ќе бидат   распоредени на секој ученик поединечно. Во зависност од промената на наставните програми се обезбедуваат нови учебници за непречено одвивање на наставата.

 

 

 

 

Нагледни средства и друга опрема Количина Кабинет
Телевизор 6 Кабинети: ликовно, библиотека, текстил, општествени, технички персонал, наставничка канцеларија
ДВД плеер 2 Кабинети: ликовно, историја
Касетофон 2 кабинет   по:   музичко, англиски  и   француски јазик
Компјутер 494(455+39)  
Дијапроектор 1 Кабинет по биологија
Графоскоп 4 Кабинет по:  биологија,  физика, ликовно, Пехчево
Географски карти 21 Географија
Историски карти 28 Историја
Наставни слики   Училници
   Книги 18550 Библиотека
Енциклопедии   Библиотека
Машини, алати и уреди   Училишни  работилници  и  кабинети по стручни предмети
Принтер 10  
Скенер 2 Ликовно, текстил
    Лаптоп 2 Директор, текстил
  Интерактивна табла 3 Англиски, биологија, историја
ЛЦД проектор 5  

 

 

 

 

 

 

Структура на училиштето

 

Членови на училиштен одбор                                     (име и презиме)

 

 

1. Билјана Бошковска

2. Биљана Ајтовска

3. Даниела Вангелова

4. Александра Царовска

5. Звонко Миовски

6. Ленка Бубевска

7. Весела Бошначка

8. Весна Мазганска

9. Драгица Поп-Ѓорѓиева

10. Ирена Коловска

11. Благородна Рунтевска

12. Не е назначен член од Стопанска комора

        Членови на совет на родители

                   ( име и презиме)

1.Елизабета Пачемска

2.Звонко Миовски

3.Весела Бошначка

4.Ленка Бубевска

5.Македонка Цикарска

6. Даниела Митринова

7. Горан Тасевски

8.  Љупчо Бошнаковски

9.Соња Секуловска

             Стручни активи (видови)         1. Актив по македонски јазик и

литература и  странски јазици

2. Актив по природни науки, математика и информатика

3. Актив по општествени науки и

уметностите

4. Актив по стручни предмети

Членови на ученичка заедница

                    (број на ученици)

52
Членови на еко одбор (број) 15

 

Составот на УО и  Совет на родители ќе претрпи измени во почетокот на учебната година со изборот на нови членови од родители на ученици од прва година.

 Наставен кадар

 

 

Вкупно

Етничка и полова структура на вработените
Македонци Албанци Турци Роми други
м ж м ж м ж м ж м ж
Број на вработени 64 21 43 0 0 0 0 0 0 0 0
Број на наставен кадар 48 15 33 0 0 0 0 0 0 0 0
Број на стручни соработници 6 0 6 0 0 0 0 0 0 0 0
Административни работници 2 2 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Техничка служба 7 3 4 0 0 0 0 0 0 0 0
Директор 1 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0

Степен на образование на вработени

 

Образование Број на вработени
Високо образование 57
Виша стручна спрема 0
Средно образование 6
Основно образование 1

 

Старосна структура на вработени

Години Број на вработени
20-30 5
31-40 20
41-50 21
51-60 15
61 – пензија 3

 

СТРУЧНИ ОРГАНИ И ТЕЛА ВО УЧИЛИШТЕТО

 

Раководител на паралелката

 

Класниот раководител е педагошки, организационен и административен раководител на паралелката. Класниот раководител го определува директорот  од редот на наставно-образовниот кадар.

Работата на класниот раководител се состои од:

  • Ангажирање за успехот на учениците;
  • Воспитно делување;
  • Соработка со родителите на учениците;
  • Соработка со семејствата на учениците;
  • Водење на педагошка документација;
  • Обработка на теми од секојдневието на учениците со цел воспитно делување;(ПРИЛОГ )
  • Естетско обликување на просторот на училиштето;
  • Одржување на класни часови на кои се разгледуваат проблемите на учениците;
  • Изрекување усни пофалби;

-Применува   воспитно-педагошки    мерки   кон   учениците   за   кои   е овластен;

  • Присуствување на испитите на учениците;
  • Одобрување на учениците отсуство од еден ден;
  • Примање родители од учениците на советување;
  • Внесување на податоци во е-дневник;
  • Водење на главните книги и пишување свидетелствата за учениците.

 

Совет на паралелката

 

Советот на паралелката го сочинуваат наставниците што предаваат на паралелката и класниот раководител. Наставничкиот совет на паралелката ќе ја организира и спроведува воспитно-образовната работа во паралелката и ќе се грижи за нејзина успешна реализација. На своите седници ќе ги разгледува и утврдува полугодишните и годишните оценки и поведение на учениците, а согласно Статутот и Законот ќе пофалува ученици и ќе изрекува педагошки мерки. Освен тоа, непосредно ќе соработува со раководителот на паралелката. Своите одлуки за награди, пофалби и педагошки мерки на ученици, ќе ги предлага на Наставничкиот совет на  училиштето.

Совет  на годината

 

Совет на годината го сочинуваат сите наставници што предаваат во годината, стручните соработници и директорот.

Наставничкиот совет ги има следниве функции:

-ја организира и реализира наставно-воспитната работа на годината и се грижи за нејзината реализација;

-соработува со Советот на родителите околу решавањето на прашања за успехот и поведението на учениците и решава по барања на учениците и родителите;

-решава по прашања предложени од Советот на  паралелките;

-наградува и пофалува ученици и ќе предлага педагошки мерки за учениците до Наставничкиот совет на  училиштето.

Стручни активи

 

Стручните активи на наставниците по соодветен наставен предмет ќе го утврдуваат годишниот план за работа, тематските планирања и ќе ги усогласуваат дневните подготовки за наставата. Наставниците од секој стручен актив ќе водат особена грижа за размена на мислења, предлози и искуства поврзани со работата по соодветниот предмет и планот за изработка на писмените работи во текот на годината. Во рамките на работата активите ќе ги разгледуваат наставните програми, ќе предлагаат учебници и друга помошна литература и средства, ќе се грижат за изедначување на критериумите за оценување на учениците ќе предлагаат воведување на иновации во наставата и меѓусебна посета на часови.

Претседателите на активите по одделните предмети се  дадени  во прилог. Тие треба да изготвуваат програма за работа на активот во која се обврзуваат да изведат нагледни часови на сите членови на  активите.(ПРИЛОГ)

 

Наставнички совет

 

Како највисок стручен орган во училиштето Наставничкиот совет го сочинуваат сите наставници стручни соработници и директорот кој  раководи  со него.

Наставничкиот совет   на своите седници ќе ги разгледува материјалите  и ќе дава упатства за планирањето во наставата и слободните ученички активности, оценувањето на учениците, користењето на аудиовизуелните наставни средства и осовременувањето на наставата преку воведување порационални наставни форми и методи на работа. Во текот на годината, Наставничкиот совет  се состанува 1 месечно, а по потреба и   повеќе.

Наставничкиот совет во почетокот на годината ќе формира и распоредува паралелки,  наставници по паралелки и наставни  предмети

и   раководители   на  паралелките.  Истовремено   ќе   врши   и  други  работи утврдени со Законот и Статутот.

Совет на родители

 

Работата на родителите има значајно место во воспитно-образовниот процес како партнери на училиштето во унапредувањето и подобрувањето на училишниот стандард и нивно учество во организацијата на училишниот живот.Тргнувајќи од задничките интереси на училиштето и родителите, училиштето им овозможува на родителите да се организираат и  тоа:

Одбор на родители во рамките на паралелката, Одбор на родители во рамките на годинатa

Совет на родители на ниво на училиште.

 

Училишен одбор

Училишниот одбор како највисок орган на управување функционира според определена динамика за работа, а  реализираните  седници  произлегуваат од потребите во функција на квалитетна  организација  на работата на училиштето и тоа:

  • Предлага Годишна програма за работа на училиштето за тековната година до Советот на општината;
  • Усвојува Полугодишен и Годишен извештај за работа на училиштето;
  • Донесува програма за развој на училиштето;
  • Донесува програма за воведување на повисоки стандарди за работата на училиштето;
  • Предлага финансиски план;
  • Предлага годишна програма за јавна набавка;
  • Предлага Финансиски план и Завршна сметка до основачот;
  • Планира и донесува одлуки за набавка на основни средства;
  • Дава мислење до директорот за избор на наставници и стручни соработници;
  • Го следи успехот на учениците;
  • Утврдува мерки за подобрување на условите за работа во училиштето;
  • Одлучува по жалби на вработени, ученици и родители;
  • Решава за потребни мерки на безбедност на училиштето;
  • Се вклучува во Патрониот празник на училиштето;
  • Соработува со Советот на родители;
  • Избира постојани и привремени комисии;
  • Разгледува други прашања утврдени со Статутот на училиштето;

Заклучоците кои се донесуваат на состаноците, јавно се истакнуваат на огласна табла, со цел да се покаже јавност и транспарентност во работата на овој орган на управување на училиштето.

Ученици

Статус на ученик во училиштето се стекнува со запишување во уписните рокови одредени од Министерството за образование и наука за учебната 2019/2020 година.

Во училиштето учениците можат да се стекнат со гимназиско и стручно образование. Стручното образование е застапено преку текстилно-кожарска струка, угостителско-туристичка струка и шумарско-дрвопреработувачка струка и трите со четврти степен.

Запишувањето на учениците е според критериумите дадени во Конкурсот објавен од Министерството за образование и наука и критериумите донесени од Наставничкиот совет на училиштето.

Во учебната 2019/20 година во училиштето се запишани  395  ученика во 26 паралелки.

Соработката со учениците ќе се базира врз основа на потребата ученикот да се третира како активен субјект во наставата и севкупниот живот на училиштето, да се почитува неговото мислење и да му се даде можност истото да го искаже. Учениците треба да се мотивираат да постигнуваат подобри резултати за што ќе бидат пофалувани и наградувани ( дипломи, книги, екскурзии)

За да имаат јасна слика за својот статус и улога во училиштето и општеството учениците ќе бидат благовремено запознаени со своите права и обврски преку раководителите на паралелките и стручната служба.

Пред се секој ученик треба да биде почитуван како личност без разлика на своите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, верска припадност и социјална положба, но исто така ученикот е должен да ја почитува личноста на своите соученици, наставници, родители и надворешните соработници. Во негувањето на угледот и достоинството на личноста на ученикот и на училиштето ученикот е должен да се грижи и придонесува за градење и развивање на позитивни и коректни односи со своите соученици при што:

  • ги почитува своите соученици врз основа на другарство, искреност и отвореност;
  • меѓусебната соработка ја темели врз взаемно договарање и размена на искуство, т.е. кооперативност;
  • во комуникацијата со учениците ги почитува нивните знаења и индивидуални квалитети;

 

  • добронамерно и нетенденциозно укажува на слабостите на својот соученик со што го штити угледот на личноста на ученикот и на училиштето;
  • да биде солидарен со својот соученик;
  • да ја развива емпатијата;
  • да им помага на другите ученици пренесувајќи го своето знаење и искуство.

Училиштето има изработено Кодекс на однесување на наставници и ученици и Куќен ред.

Број и структура на ученици

 

Година

 

Број на класови

 

Број на ученици

Етничка и полова структура на учениците
Македонци Албанци Турци Роми други
м ж м ж м ж м ж м ж
I (прва) 7 106 44 50     1   4 7    
II (втора) 7 98 44 50         1 3    
III (трета) 5 86 35 41     3   4 3    
IV (четврта) 7 105 45 50     1 2 4 3    
Вкупно 26 395 168 191     5 2 13 16    

Мисија и визија на училиштето

 МИСИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Целта на сите активности е содржана во синтагмата

СО УЧЕНИКОТ – ЗА УЧЕНИКОТ

Училиштето се стреми да  создаде  здрава училишна, безбедна и дисциплинирана средина во која учениците пристојно ќе се чувствуваат, со можност секое дете, без разлика на неговата етничка, верска и национална припадност, да учи и да се здобие со знаење, индивидуално да се развива и стекнува доверба во себе, во наставниците и другите вработени во училиштето; учениците да бидат постојано активни, а со тоа да стекнат и трајни знаења со кои константно  ќе се развиваат и ќе еволуираат и кои ќе им послужат понатаму во секојдневниот живот.

Секое програмирање на работата на училиштето ќе се темели на квалитетот на наставната работа и нејзиното се поголемо педагошко ефектуирање. За да може училиштето да ја реализира својата мисија, тоа ќе ги следи промените во општеството, но и самото ќе ги креира потребните промени.

Мисијата на ОСУ ,, Ацо Русковски’’  Берово во учебната 2019/2020 година ќе биде насочена кон следните цели:

– Обединување на сите членови на училишната заедница и тоа на учениците,  наставниците, соработниците, родителите, локалната самоуправа и др. без разлика на неговата етничка, верска и национална припадност и било каква друга физичка и интелектуална различност;

– Училиштето ќе создава услови кои ќе обезбедат зајакнување на соработката на сите фактори во училиштето, особено на унапредувањето на тимската работа.

– Училиштето, пирамидата на успехот ќе ја гради со координација, комуникација, мотивација, евалуација, и сл. подавајќи си рака секој на секого;

– Ќе ја спроведува интеграцијата на еколошка едукација во образовниот систем. Во развојното годишно и тематско планирање секој наставник по секој предмет ќе има застапено барем 2 часа по избор од постоечките еко-теми:

  • Вода;
  • Енергија;
  • Одржување на зградата и здрава средина во училиштето;
  • Уреден двор
  • Отпад
  • Биодиверзитет
  • Транспорт
  • Здравје
  • Одржлив развој

 

Во прилог на Годишната програма следува годишниот глобален план на наставниот  кадар за реализација на Еко-програмата според соодветните наставни програми за секој предмет.

Во фокусот на вниманието на училиштето пред се ќе бидат: учениците, пренесувањето на квалитетно знаење, развивање, креативност, вештина, знаење и умеење.

  • Ученикот во центарот на сите заложби;
  • Ученикот – централен субјект во наставниот процес;
  • Поголема меѓусебна доверба и почит меѓу учениците, наставниците и родителите;
  • Почит, толеранција и помагање на сите учесници во воспитно-образовниот процес со секаков вид на диверзитет и од различни етнички и јазични групи;
  • Подобрување на училишната клима без заострени односи меѓу раководниот тим – наставници или родители;
  • Зајакнати морални вредности во училиштето;
  • Соработка со родителите – отворен ден на училиштето за родители, родителски средби, советувања за родители, дебати и конференции итн.
  • Соработка со локалната самоуправа;
  • Развивање на способности и вештини кај учениците од стручното образование;
  • Согледувања на кариерните можности во струката;
  • Стекнување менаџерски и лидерски знења и вештини;
  • Поддршка и инволвирање на родителите во воспитно-образовната работа;
  • Учествување во проекти и на регионални и државни натпревари;

Сето ова ќе се постигне со позитивна училишна клима и култура, што ќе бара постојана надоградба. Пред се во ОСУ ,, Ацо Русковски’’  Берово како приоритети за остварување на позитивна мисија ќе бидат: почит, толеранција, безбедност, еднаквост, позитивна средина за учење т.е. отворена комуникација наставник-ученик-родител, како и целосна вклученост на учениците во животот на училиштето, со еден збор кажано Училиште за секое дете.

 

 

 

 

 

 ВИЗИЈА

Иднината  – Ние ја градиме!

 

 

 

 

Знаењето е отворен пат кон иднината!

 

 

 

          Училиште каде секој наставник, секое дете, секој родител се вреднува и се поддржува. Училиште каде различноста се препознава, цени и вреднува од секој во образовниот систем.

 

          Училиште каде знаењето е отворен пат кон иднината!

 

Визијата на нашето училиште е тоа да биде безбедна и дисциплинирана средина за сите ученици, препознатливо и атрактивно за школување, константно да се развива и еволуира.

Воспитно-образовниот процес да се одвива квалитетно, со современи форми и методи на работа прилагодени на потребите и интересите на учениците, наставниците, на локалната средина и воопшто на државата.

Учениците со задоволство да се образуваат во нашето училиште и по завршувањето успешно да одговорат на современите предизвици, а притоа за време на нивното школување да се чувствуваат добредојдени, почитувани и безбедни.

Според училишната визија и тенденциите кон кои се стреми ОСУ ,, Ацо Русковски’’  Берово за создавање демократски односи меѓу вработените, учениците и нивните родители се наметнува приоритетот на барањето на патишта и начини за развивање и негување на тие односи. Основен приоритет ќе и се даде на наставата, на нејзиното усовршување и развивање, се со цел учениците да се оспособат за нови знаења. За постигнување на училишната визија ќе се гаи и партнерски однос со семејството на ученикот, како и меѓусебното почитување и примената на принципот за взаемното почитување и толеранцијата.

 

Во учебната 2019/2020 година  како приоритети за ОСУ ,, Ацо Русковски’’   во училишната визија се издвојуваат:

– осовременување на наставната технологија;

– градење однос кон учениците како субјекти;

– партнери во воспитно-образовниот процес во стручното образование;

  • подобрување на материјално-техничките услови за изведување на наставата;
  • награди и пофалби, односно признанија;
  • подобра соработка со родителите;
  • целосно вклучување на наставниците во примената на интерактивни методи во учење;
  • соработка на училиштето со локалната самоуправа;
  • набавка на нагледни средства по барање на стручните активи;
  • активирање на реална компанија во рамки на кариерен центар кој ќе им помогне на учениците да се пронајдат себеси во иднината;

 

Од учебната 2019/2020 година во нашето училиште за поголема мотивираност на учениците и сите вработени да се стремат кон остварување на визијата, ќе им бидат доделувани и Признанија утврдени со посебен  Правилник на училиштето.

Признанија на ученици за:

– Најдобар ученик на генерацијата

– Најдобара паралелка

Признанија на наставник за:

  • Најдобар наставник за претходната година со критериуми утврдени

со Правилникот за наградување;

Во новата учебна година ќе има наградување на талентираните ученици и на нивните ментори  за освоени награди на државен натпревар како и учество на Олимпијадите и натпревари надвор од државата на посебно организиран ден за таа цел.

Мото на училиштето: ГОРДИ НА МИНАТОТО, НАСОЧЕНИ КОН ИДНИНАТА!

 Стекнати искуства

 

Врз основа на искуствата од претходната учебна година и приоритетите кои ги определивме успешно реализиравме многубројни активности во воспитно – образовната работа.

Како резултат на сите активности учениците на крајот на учебната година постигнаа солидни резултати во учењето и државната матура. Учествуваа во регионални и државни натпревари и постигнаа солидни резултати. Реализираа голем број на проекти. И оваа учебна година ќе продолжиме со истите и други активности и ќе настојуваме да постигнеме подобри резултати од минатата година.

Подрачја на промени, приоритети и цели

 

Врз основа на реализираната самоевалуација во училиштето за периодот од 2017/2018 која се темелеше на следење, анализирање и вреднување на работата во изминатите две години и определувањето на јаките и слабите страни во седумте подрачја од страна на работните групи, определени се следните приоритети на кои ќе се стави акцент во работата за следниот период:

  • Намалување на бројот на изостаноци во однос на претходната учебна година
  • Формирање на тим за изработка на проекти и долгорочни планирања и нивна обука за успешно реализирање на истите;
  • Изработка на програма за стручно усовршување на вработените вклучувајќи и обуки за работа со талентирани и надарени ученици;
  • Поттикнување на интересот кај бизнис – заедницата за развој на стручното образование

 

Цели кои се однесуваат на претходно дефинираните приоритети:

  1. Да се подобри редовноста на учениците во наставниот процес;
  1. Поголемо учество на Проекти кои се финансирани од Европските фондови, Странските амбасади и фондации;
  1. Поголем акцент на работата со надарени и талентирани ученици
  1. Развој на стручното образование во согласност со потребите на бизнис – заедницата

Акциски планови

Поради нецелосна реализација на целите поставени за претходната учебна година две од истите остануваат и за оваа учебна година

 

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 1. ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВА

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 1.А. НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ИЗОСТАНОЦИ ЗА 10% ВО ОДНОС НА СЕКОЈА ПРЕТХОДНА ГОДИНА

РАЗВОЈНА ЦЕЛ КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ
 

 

 

 

 

 

 

Намалување на бројот на изостаноци за 10% во однос на секоја претходна година

 

 

2019/2020 2020/2021 2021/2022
Да се регулираат изостаноците на време и изрекуваат педагошки мерки ·        Следење на отсуствата од наставата

·        Анализа на причините за отсуствата

·        Следење на отсуствата од наставата

·        Анализа на причините за отсуствата

·        Следење на отсуствата од наставата

·        Анализа на причините за отсуствата

Да се зголеми интересот кај учениците за наставните содржини ·        Примена на посовремени методи и техники за работа и ИКТ ·        Примена на посовремени методи и техники за работа и ИКТ ·        Примена на посовремени методи и техники за работа и ИКТ
Да се интензивира соработката на училиштето  и родителите ·        Индивидуални средби со родители и ученици, советување на родители, родителски средби ·        Индивидуални средби со родители и ученици, советување на родители, родителски средби ·        Индивидуални средби со родители и ученици, советување на родители, родителски средби
Да се подобри соработката со здравните домови (матичните лекари) ·        Доставување на барање за реално издавање на оправдувања на учениците

·        Барање за унифициран документ од сите матични лекари за оправдување на отсуството од настава

Да се направи Компарација на изостаноците  со претходните години ·        Споредба на бројот на изостаноци по ученик со бројот од  претходната година ·        Споредба на бројот на изостаноци по ученик со бројот од  претходната година ·        Споредба на бројот на изостаноци по ученик со бројот од  претходната година

                                                                        ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПЛАНОТ

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 1. ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВА

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 1 .НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ИЗОСТАНОЦИ ЗА 10% ВО ОДНОС НА СЕКОЈА ПРЕТХОДНА ГОДИНА

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ РЕСУРСИ ВРЕМЕНСКА

РАМКА

ИНДИКАТОРИ ИЗВОРИ И

ДОКАЗИ

ЧОВЕЧКИ ФИЗИЧКИ ТРОШОЦИ
Да се регулираат изостаноците на време и изрекуваат педагошки мерки ·        Следење на отсуствата од наставата

·        Анализа на причините за отсуствата

Раководители на паралелки

Раководители на паралелки

Сите наставници

Педагог

Дневник

Компјутер

Хартија

Во текот на учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

Регулирани изостаноци за претпоследна недела

Изречени педагошки мерки

Дневник на паралелка

Записници

Одлуки за изречени мерки

Да се зголеми интересот кај учениците за наставните содржини

 

 

·        Примена на посовремени методи и техники за работа и ИКТ

 

 

Предметни наставници

Стручни соработници

Компјутер

Електронска табла

ЛЦД проектор

Хартија

Печатач

Тонер

2000 денари Во текот на учебните:

2019/20 2020/21

2021/22

Зголемена редовност

Подобрен успех

Дневник на паралелка

Полугодишен и годишен извештај за успехот и поведението на учениците од училишниот педагог

Да се интензивира соработката на училиштето  и родителите ·        Индивидуални средби со родители и ученици

·        Советување на родители, родителски средби

 

Родители

Раководители на паралелките

Стручни соработници

Психолог

Директор

Компјутер

Хартија

Печатач

500 денари Во текот на учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

 

Поголемо присуство на родителите на родителски средби и на индивидуални и групни советувања Известувања

Дневник на паралелката

Записници од групни и индивидуални средби со родителите, советувања на родители, родителски средби

Да се подобри соработката со здравните домови (матичните лекари) ·        Доставување на барање за реално издавање на оправдувања на учениците Стручни соработници Директор Компјутер

Хартија

Печатач

300 денари Септември 2019

година

Прифаќање на соработката и почитување на барањето од страна на матичните лекари Реално издадени потврди Унифицирана потврда од Здравниот дом
·        Барање за унифициран документ од сите матични лекари за оправдување на отсуството од настава Раководители на паралелки Стручни соработници матични лекари Компјутер

Хартија

Печатач

Компјутер

Хартија

Печатач

Септември 2019

година

Да се направи компарација на изостаноците  со претходните години ·        Анализа на бројот на изостаноци по ученик со бројот од  претходната година  

Педагог

Компјутер

Печатач

Хартија

 

300 денари На крајот на учебните години Направена анализа и донесен заклучок на НС Статистички извештај

Записник од НС

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 2. ПРОФЕСИОНЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 2.A :  Формирање на тим од наставници кои ќе бидат обучени да работат на проекти и долгорочни планирања

РАЗВОЈНА ЦЕЛ КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ
 

 

 

 

Формирање на тим од наставници кои ќе бидат обучени да работат на проекти и долгорочни планирања

 

 

 

 

 

 

 

 

2019/2020 2020/2021 2021/2022
Да се објавуви  повик за доброволно пријавување на наставници кои сакаат да работат на проекти

 

·       Одржување на работен состанок

·       Објавување на повик на огласна табла

 

 

·       Одржување на работен состанок

·       Објавување на повик на огласна табла

 

 

Да се изработат  листи со критериуми за избор на наставници ·       Одржување на работен состанок

·       Утврдување на критериуми по кои ќе се врши изборот на наставници

 

·       Одржување на работен состанок

·       Утврдување на критериуми по кои ќе се врши изборот на наставници

 

Да се работи на одржливост на реализираните проекти и поставување на долгорочни планирања ·       Одружување на работен состанок

·       Одржување на контакти и размена на искуства со други училишта и партнерите од претходните проекти

·       Формирање на мониторинг

·       Одружување на работен состанок

·       Одржување на контакти и размена на искуства со други училишта и партнерите од претходните проекти

Формирање на мониторинг

 

 

 

 

 

 

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 2  : ПРОФЕСИОНЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

РАЗВОЈНА ЦЕЛ : 2.A:  Формирање на тим од наставници кои ќе бидат обучени да работат на проекти и долгорочни планирања

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ РЕСУРСИ ВРЕМЕНСКА

РАМКА

ИНДИКАТОРИ ИЗВОРИ И

ДОКАЗИ

ЧОВЕЧКИ ФИЗИЧКИ ТРОШОЦИ
 

Формирање на тим за изработка на проекти

·        Објавување на повик за доброволно пријавување на наставници кои сакаат да работат на проекти

·        Изработка на листа со критериуми за избор на наставници

·        Избор на членови на тимот

·       Директор

·       Стручна служба

·       Тим за професионален развој

·       Наставници

кабинет компјутер печатач Реалните трошоци ќе се прикажат според бројот на учесници и видот на обуката Тековно Подобрување на тимската работа во стручните активи Дефинирани потреби на училиштето за аплицирање на проекти Записници од состанок на тимот за професионален развој

Листа на пријавени наставници

 

 

 

Реализација на обуки за тимот за изработка на проекти

 

 

• Разгледување на понудите на обучувачите од понудената листа во каталогот или провајдерите

• Контакт со консултантска куќа за избор на обучувач

• Контакт со претходни клиенти

• Избирање на обучувач кој ќе ја изведува обуката

• Изведување на обуката

• Мониторинг на обуката

• Евалуација на обуката

·       Директор

·       Стручна служба

·       Тим за професионален развој

·       Наставници

Кабинет во или надвор од училиштето Комплет обучувачки материјал компјутер печатач Видео бим Флит чет табла Реалните трошоци ќе се прикажат според бројот на учесници и видот на обуката Во текот на учебните:

 

2019/2020

2020/2021

Изведени обуки Подобрени знаења и вештини Подобрување на тимската работа Евалвациони листи од обуката Материјал од обуката Изработените вежби Сертификати на учесниците
 

 

 

Одржливост на реализираните проекти и поставување на долгорочни планирања

·       Успешно реализирање на тековните проекти кои ги има добиено училиштето

·       Одружување на контакти од претходно реализираните проекти и размена на нови идеи за повторна соработка

·       Промоција на реализираните проекти заедно со локалната заедница и нивна афирмација

·       Директор

·       Стручна служба

·       Тим за професионален развој

·       Наставници

·       Тим за реализација на проекти

Кабинет компјутер печатач Видео бим Флит чет табла Реалните трошоци ќе се прикажат според бројот на учесници и видот на обуката 2019-2021 Изведени обуки Подобрени знаења и вештини Подобрување на тимската работа Евалвациони листи од обуката Материјал од обуката Изработените вежби Сертификати на учесниците

 

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 2: ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 2Б:  Усовршување на наставниците и стручните соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици

РАЗВОЈНА ЦЕЛ КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ
Усовршување на наставниците и стручните соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2019/2020 2020/2021 2021/2022
Обука на наставници и стручни соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици ·        Одржување на работен состанок

·        Поднесување барање за спроведување обуки за наставници и стручни соработници за обука со талентирани ученици

·        Контакт и размена на искуства со други училишта

·        Реализирање на предвидените активноости

·        Модернизирање и обезбедување на пософистицирани средства и опрема за работа со надарени и талентирани ученици

·        Анализа на претходните постигнати резултати

·        Детекција на негативните страни со цел на подобрување  и постигнување подобри резултати

Идентификација на надарени и талентирани ученици ·        Анализа на претходниот успех на учениците

·        Прелиминарен тест на заинтересираните  талентирани ученици

·        Усовршување на вештините на селектираните ученици

·        Акцент на примена на посовремени методи и техники за работа и ИКТ

·        Размена на искуства со талентирани ученици од други училишта преку заеднички средби и дружења кои ќе имаат мотивирачки карактер
Изготвување на план и програма за работа со надарени и талентирани ученици ·        Консултација со Бирото за развој на образование

·        Контакти и искуства од училишта кои веќе работеле со талентирани ученици

·        Имплементација на наставните планови и програми ·        Согледување и отстранување на недостатоците кои произлегле од реализирањето на наставните планови и програми
Мотивација на надарени и талентирани ученици ·        Укажување на учениците дека освен лично задоволство ќе имаат и други бенефити ·        Обезбедување на сертификати,дипломи,благодарници и јавна афирмација на настани во и надвор од училичтето ·        Организирање на бесплатна повеќедневна екскурзија  по избор на учениците
Анализа на постигнатите резултати од работата со талентирани и надарени ученици ·        Следење на напредокот и процесот на усовршување ·        Интерна селекција преку проверка на знаења ·        Вреднување и избирање на најдобрите ученици

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 2: ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

РАЗВОЈНА ЦЕЛ 2Б: Усовршување на наставници и стручни соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ РЕСУРСИ ВРЕМЕНСКА

РАМКА

ИНДИКАТОРИ ИЗВОРИ И

ДОКАЗИ

ЧОВЕЧКИ ФИЗИЧКИ ТРОШОЦИ
Обука на наставници и стручни соработници за работа и поддршка на талентирани и надарени ученици ·        Одржување на работен состанок

·        Поднесување барање за спроведување обуки за наставници и стручни соработници за обука со талентирани ученици

·        Контакт и размена на искуства со други училишта

Раководители на паралелки

Сите наставници

Педагог

Дневник

Компјутер

Хартија

Во текот на учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

-заинтересираност

-анализа на претходен успех

-претходно учество на натпревари

-активност на час

Дневник на паралелка

Записници

Награди

Дипломи и признанија

Идентификација на надарени и талентирани ученици

 

 

·        Анализа на претходниот успех на учениците

Прелиминарен тест на заинтересираните  талентирани ученици

·        Усовршување на вештините на селектираните ученици

Акцент на примена на посовремени методи и техники за работа и ИКТ Размена на искуства со талентирани ученици од други училишта преку заеднички средби и дружења кои ќе имаат мотивирачки карактер

Предметни наставници

Стручни соработници

Соработници од други училишта

Компјутер

Електронска табла

ЛЦД проектор

Хартија

Печатач

Тонер

Во текот на учебните:

2019/20 2020/21

2021/22

 

Претходни постигнување на учениците Дневник на паралелка

Записници

Награди

Дипломи и признанија

Изготвување на план и програма за работа со надарени и талентирани ученици ·        Консултација со Бирото за развој на образование

·        Контакти и искуства од училишта кои веќе работеле со талентирани ученици Имплементација на наставните планови и програми

·        Согледување и отстранување на недостатоците кои произлегле од реализирањето на наставните планови и програми

Советници од бирото за развој на образование

Раководители на паралелките

Стручни соработници

Психолог

Директор

Компјутер

Хартија

Печатач

1000 денари Во текот на учебните:

2019/20 2020/21

2021/22

 

 

Мотивација  

Награди

Дипломи и признанија

Мотивација на надарени и талентирани ученици ·        Укажување на учениците дека освен лично задоволство ќе имаат и други бенефити

·        Обезбедување на сертификати,дипломи,благодарници и јавна афирмација на настани во и надвор од училичтето

·        Организирање на бесплатна повеќедневна екскурзија  по избор на учениците

Компетентен наставник

Стручни соработници Директор

Компјутер

Хартија

Печатач

Во текот на учебните:

2019/20 2020/21

2021/22

 

Сатисфакција и на менторот и на учениците и училиштето
Анализа на постигнатите резултати од работата со талентирани и надарени ученици ·        Следење на напредокот и процесот на усовршување

·        Интерна селекција преку проверка на знаења

·        Вреднување и избирање на најдобрите ученици

 

Ученици и предметни професори

Компјутер

Печатач

Хартија

 

На крајот на учебните години Направена анализа и донесен заклучок Статистички извештај

Записник

 

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 3: ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО НАДВОРЕШНИТЕ СУБЈЕКТИ

 РАЗВОЈНАЦЕЛ 3.А: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ КАЈ БИЗНИС- ЗАЕДНИЦАТА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

РАЗВОЈНА ЦЕЛ КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ
 

 

Поттикнување на  интересот  кај бизнис- заедницата за развивање на стручното образование

2019/2020 2020/2021 2021/2022
Да се утврди  степенот на интерес кај бизнис-заедницата за развивање на стручното образование ·        Одржување на работен состанок со претставници од бизнис заедницата за утврдување на степенот на интерес кај бизнис заедницата за стручно образовани кадри во зависност од потребите на пазарот на трудот

·        Формирање на работен тим

·        Одржување на работен состанок со претставници од бизнис заедницата за анализа на извештајот од соработката во претходната година

·        Формирање на работен тим

·        Одржување на работен состанок со претставници од бизнис заедницата за анализа на извештајот од соработката во претходната година

·        Формирање на работен тим

Да се зголеми  интересот кај бизнис заедницата за развој на стручното образование ·        Утврдување   на листа на конкретни активности за вклучување на  постојниот кадар (ученици од стручните паралелки) во   соработката на училиштето со бизнис заедницата ·        Дополнување на листата на активности согласно потребите и резултатите од извештајот за соработката ·        Дополнување на листата на активности согласно потребите и резултатите од извештајот за соработката
Да се изработи  план за поттикнување на интересот кај бизнис заедницата за развој на стручното образование ·        Планирање на реализација на конкретни активности според временска рамка и носители на активности

·        Склучување на договор за соработка

·        Планирање на реализација на конкретни активности според временска рамка и носители на активности

·        Продолжување на договорот за соработка

·        Планирање на реализација на конкретни активности според временска рамка и носители на активности

·        Продолжување на договорот за соработка

Да се следат  ефектите од соработката меѓу училиштето и бизнис-заедницата ·        Изработка на извештај за соработката меѓу училиштето и бизнис – заедницата ·        Изработка на извештај за соработката меѓу училиштето и бизнис – заедницата ·        Изработка на извештај за соработката меѓу училиштето и бизнис-заедницата

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 3: ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО НАДВОРЕШНИТЕ СУБЈЕКТИ

РАЗВОЈНАЦЕЛ 3А: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ КАЈ БИЗНИС- ЗАЕДНИЦАТА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ АКТИВНОСТИ РЕСУРСИ ВРЕМЕНСКА

РАМКА

ИНДИКАТОРИ ИЗВОРИ И

ДОКАЗИ

ЧОВЕЧКИ ФИЗИЧКИ ТРОШОЦИ
Да се утврди степенот на интерес кај бизнис-заедницата за развивање на стручното образование ·        Одржување на работен состанок со претставници од бизнис заедницата за утврдување на степенот на интерес кај бизнис заедницата за стручно –  образовани кадри во зависност од потребите на пазарот на трудот

·        Формирање на работен тим

 

Претставници од бизнис заедницата

Претставници од локалната заедница

Директор

Членови на училишен работен тим (стручен актив од стручното образование)

Хартија

Печатач

300 ден. Во текот на февруари учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

Покажан интерес од бизнис заедницата и понудени предлози за соработка и опстојување на струките

 

Записник од работните состаноци

 

Да се зголеми  интересот кај бизнис заедницата за развој на стручното образование ·        Утврдување   на листа на конкретни активности за вклучување на  постојниот кадар (ученици од стручните паралелки) во   соработката на училиштето со бизнис заедницата

 

 

Претставници од бизнис заедницата

Претставници од локалната заедница

Директор

Членови на училишен работен тим (стручен актив од стручното образование)

Стручни соработници

Хартија

Печатач

Во текот на учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

 

Искуства од досегашна соработка со бизнис заедницата

Понудени предлози за развој на стручното образование

Листа со конкретни активности
Да се изработи  план за поттикнување на интересот кај бизнис заедницата за развој на стручното образование ·        Планирање на реализација на конкретни активности според временска рамка и носители на активности,

·        Склучување на договор за соработка

·        Обезбедување на финансиска поддршка од бизнис-партнерите (стипендии)

Директор, Наставници од практична настава од угостителско-туристичка струка и текстилно – кожарска струка, претставници од бизнис заедницата Хартија

Печатач

Дневници за евиденција на практичната работа

Во текот на учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

 

Позитивни искуства за учениците од стручното образование и бизнис заедницата каде биле вклучени учениците,

Исполнување на договорите за соработка

Изработен план за поттикнување на интересот

Склучен договор

Информација за финансиска поддршка од бизнис заедницата за развој на стручно образование

Да се следат ефектите од соработката меѓу училиштето и бизнис-заедницата ·        Изработка на извештај за соработката меѓу училиштето и бизнис -заедницата Наставници од практична настава од угостителско-туристичка струка и текстилно-кожарска струка, претставници од бизнис заедницата Хартија

Печатач

Дневници за евиденција на практичната работа

Во текот на учебните: 2019/20 2020/21

2021/22

 

Воведување на нови профили во постојните струки,

Воведување на нова струка во училиштето по барање на потребите на пазарот на труд

Дневник од спроведување на феријална пракса на учениц од угостителско-туристичка струка

 

 

 

 

КАЛЕНДАР ЗА РАБОТА ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 година

Со овој календар се утврдува организирањето на учебната година во средните јавни училишта согласно програмските целини во наставната година, полугодието и другите форми на воспитно-образовна дејност и ученичкиот одмор за учебната 2019/2020 година.

Учебната година започнува на 1 септември 2019 година, а завршува на 31 август 2020 година.

Наставната година започнува на 2 септември 2019 година, а завршува на 10 јуни 2020 година, освен од завршната година на средното образование за кои редовната настава завршува на 19 мај 2020 година.

Наставната година ја сочинуваат две полугодија – I  и II полугодие.

Првото полугодие започнува на 2 септември 2019 година и завршува на 31 декември 2019 година.

Второто полугодие започнува на 21 јануари 2020 година и завршува на 10 јуни 2020 година.

Во текот на учебната година учениците користат зимски и летен одмор. Зимскиот одмор за учениците започнува на 1 јануари  2020 година и завршува на  20 јануари 2020 година.

Летниот одмор започнува на 11 јуни 2020 година и завршува на 31 август 2020 година.

Јавните средни училишта за учениците од завршните години на средното образование, во времето од 20 мај до 26 мај и од 16 јуни до 30 јуни 2020 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување, матурски и завршни испити.

Јавните средни училишта во времето од 12 јуни до 19 јуни и од 10 август до 14 август 2020 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош на учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити и испити за побрзо напредување.

Екстерните испити од државната матура во гимназиското и во четиригодишното стручно образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини :

  • македонски јазик и литература на 30 мај 2020 година со почеток во 10 часот.
  • англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 11 јуни 2020 година со почеток во 10 часот
  • Хемија, физика, биологија, историја и филозофија на 13 јуни 2020 година со почеток во 10 часот
  • математика на 15 јуни 2020 година со почеток во 10 часот.

За учениците кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура или од оправдани причини не полагале државна матура или дел од државната матура во јунскиот испитен рок, се организира втор испитен рок во август во следните термини:

  • македонски јазик и литература на 11 август 2020 година со почеток во 10 часот.
  • англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 12 август 2020 година со почеток во 10 часот
  • Хемија, физика, биологија, историја и филозофија на 13 август 2020 година со почеток во 10 часот
  • математика на 14 август 2020 година со почеток во 10 часот.

Интерните испити од изборниот дел на државната матура се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:

  • во јунскиот испитен рок во времето од 16 до 30 јуни 2020 година, и
  • во августовскиот испитен рок во времето од 17 до 21 август 2020 година.

Презентацијата и одбраната на проектната задача се реализира во периодот од:

  • од 11 март до 22 април 2020 година
  • од 19 август до 25 август 2020 година.

Училишната матура во гимназиското образование и завршниот испит во четиригодишното стручно образование се спроведуваат во два испитни рока и тоа: јуни и август.

Во јунскиот испитен рок:

  • задолжителен дел (македонски јазик и литература) на 12 јуни 2020 година со почеток во 9 часот

Во августовскиот рок :

  • задолжителен дел (македонски јазик и литература) на 17 август 2020 година со почеток во 9 часот.

Испитот од изборниот дел на училишната матура во гимназиското и испитот од изборниот дел на завршниот испит во четиригодишното стручно образование и проектната задача се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:

  • во јунскиот испитен рок во времето од 16 до 30 јуни 2020 година и
  • во августовскиот испитен рок во времето од 18 до 24 август 2020 година.

Воспитно-образовната работа за учениците се организира во текот на целата работна недела.

Во текот на наставната година во јавните средни училишта во завршната година на образованието се остваруваат најмалку 166 наставни денови, а за сите останати се остваруваат најмалку 180 наставни денови.

На денот на Училиштето не се изведува настава и во тие денови се организираат културни, спортски и други манифестации.

Работните денови кога се изведуваат ученичките екскурзии,  Денот на еколошката акција на младите во Р.Македонија, Денот на училиштето и традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик, се ненаставни денови кога се изведуваат посебни програми.

Образовно-работната практика за учениците се остварува во текот на учебната година.

Феријалната практика се остварува во зависност од специфичноста на образовниот профил и се изведува за време на летниот одмор на учениците.

Класификациони периоди за одржување на родителските средби

I   од 4-7  ноември  2019 година

II –  31 декември 2019  година

III – од 16 -19 март 2020 година

IV – 20 мај 2020 година за завршните години и од 15-17  јуни 2020 година за останатите години.

За прва година е предвидена уште една родителска средба на почетокот на годината ( втора недела од септември)

  • Еколошки календар

Одбележување на значајни датуми ќе се реализира преку акции во и надвор од училиштето, во соработка со локалната заедница и невладини организации.

5 март Светски ден за заштеда на енергија

22март

Светски ден за заштеда на водите
7 април Светски ден на здравјето
22 април Светски ден на планетата
15мај Светски ден за заштита на климата
31 мај Светски ден против пушењето
5 јуни Светски ден за заштита на животната средина
16 септември Светски ден за заштита на озонската обвивка
22 септември Меѓународен ден без автомобили
08 октомври Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 октомври Меѓународен ден на пешаците
16 октомври Меѓународен ден на храната
 

– ненаставен ден Ден на акција на еко-училиштата – се реализира еднаш во текот на една учебна година

 

Настава

Основната и најраширена форма за остварување на целите и задачите на средното образование и воспитание претставува наставата.

Општообразовната функција на средното образование се темели на знаењата стекнати во основното образование – со тенденција на проширување по обем и содржина од областа на науките кои имаат фундаментално значење за продолжување на образованието и за вклучување  во процесот на производство.

Основната цел на гимназиското образование е развивањето на индивидуалните можности, физичките и интелектуалните способности на учениците за апстрактно мислење, проучување и истражување, поттикнување на креативност, творештво и подготовка за понатамошно образование, живот и работа.

Целта на стручното образование е подготовка на учениците за продолжување на образованието, оспособување за работа и поголема подготвеност за вклучување во пазарот на трудот.

         Задолжителна настава

Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро, тие се заеднички за сите ученици во гимназиското/стручното образование и обезбедуваат општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност на учениците.

Задолжителната настава ќе се реализира во една смена. Наставата започнува во 7:55 часот, а завршува во 14:05 часот. Во зависност од распоредот на часовите за секоја паралелка ќе се определат термини за реализација на проектните активности, дополнителната, додатната настава и слободните активности. Наставата се изведува во 20 кабинети во Берово и 6 училници во Пехчево.

Учениците како прв задолжителен странски јазик ќе го изучуваат англискиот, а како втор јазик се изучува француски јазик, руски јазик и германски јазик.

Направена е распределба на часови по предмети и наставници и распоред на класното раководство.

Воспитно образовен кадар во ОСУАцо РусковскиБерово за  учебната 2019 / 2020 година

Ред.бр.  

Презиме и име на наставникот

 

Предмет

 

Паралелка

Проектни активности Вкупно часови Класно  раководство
1 Паговска Душанка Македонски јазик и литература II1,2,3, III1,2 20 III2
2 Тасевска Новка Македонски јазик и литература IV1,2,3,4, I3 20 IV3
3 Тушевска Анче Македонски јазик и литература II4,5,6,7, I5,6 20 II4
4 Пачемска Емилија Македонски јазик и литература III4,5, IV6,7, I7 15
5 Трнковска Даниела Македонски јазик и литература I1,2,4, III3,IV5 20
6 Павловска Љубинка Математика IV1,2,3,4,5,IV1,III4 20
7 Ружински Гоце Математика II1,2,3,4,5,,III1,III1 20
8 Тасевска Кировски Марија Математика III2,3,III1,I5,6,I7 16
9 Мирчовска Валентина Математика I1,2,3,4, II6,7, IV6 20 IV6
10 Димовска Ивана Информатика I1,2,5,II1/4,II2/3,II6 III1,III1,III2,IV1 21 IV2
11 Штерјов Борче Информатика I3,4,6,7, II7,III3 12
12 Павловски Ванчо Физика I1,2,3,4,7, II2,3,4,5 III3, 20 I7
13 Капушевски Владимир Физика III1,2, II1, IV1, IV1, IV2, IV5 18 IV1
14 Цикарска Лидија Хемија I1,2,3,4, II6, IV1,2,5 19
15 Ајтовска Биљана Хемија I5,7,II1,2,3,4,5, III1,2,3 20
16 Пешначка Јованка Биологија

Помошник директор

I2,II2, 4 II2
17 Ременска Натка Биологија I7, III1,2,3, IV1,2,5 17
18 Јованова Лилјана Биологија/Хигиенa I6, I1,3,4,II1,3,4,5 16
19 Рушковска Маја Историја I4,6,7,  II1,2,3,4,5,6,7, 20
20 Дучевска Данче Историја I1,2,3,5, III1,2,3, IV3,4,5 20 I3
21 Постоловски Јованчо Географија,

Раководител во Пехчево

I4, II5, III1 2 10 IV7
22 Стојменов Стојан Географија, туристичка географија I1,2,3,6,II1,2,3,4, III3 2 18 III3
23 Калаџиски Иво Филозофија, логика IV1,2,3,4,5, IV3, IV4,5 21
24 Ташевски Сашко Латински јазик II2/3, II4,5, III1,2, III2,3, III3 16 IV5
25 Алаѓозовски Горан Спорт и спортски активности I7,II1,2,3,4,6,7, III3, IV5 20
26 Мушкарски Ѓорѓи Спорт и спортски активности I1,2,3,4,5,6, II5, III1,2, 20 III1
27 Радинска Веселка Спорт и спортски активности III4,5,IV1,2,3,4,6,7 20
28 Димитровска Татјана Социологија/

Граѓанско образование

II1,2,3, IV6,7, 10 II6
29 Полевска Лилјана Социологија, Граѓанско образование II4, I5,6,7 8
30 Шалевски Влатко Социологија II5, III2,3 6
31 Кускинска Даниела Педагогија / IV4
32 Постоловска Јаворка Психологија IV7 2 II7
33 Костадинов Драги Музичка уметност I1,2,3,4,5,6,7, II1,2,3,4,5 17 I1
34 Пандов Слободан Ликовна уметност/

културно-историско наследство

I1,2,3,4, II1,2,3,4,5,7 III5 20 II5
35 Аврамска Жаклина Стручни текстил I5,II6,IV6 14
36  Џалевски Гоце Стручни текстил I5,II6,III4,III4,IV6 18 III4
37 Царовска Александра Стручни текстил

Практична настава

I5,II6,III4,IV6 18 I5
38  Ружинска Фимка Стручни текстил

Практична настава

II6,III4,IV6,IV6 18
39 Пеовска Цветанка Економски пред IV1,2,3,4, IV3,4, IV3,4, III4 20
40 Кракутовски Борче Економски пред

Маркетинг

Култура на однес

IV5,IV5, IV5, III5, IV6,7, II7 15
41 Шуманска Наташа Руски јазик I1,3,6, II4/7, III1/2 III5, IV4 14
42 Рабаџиска Сузана Француски јазик III1/2, III3,5 IV1,3,4,5,7 16 III5
43 Корчовска Славица Француски јазик

библиотекар

I1,2,3, 6 I2
44 Буровска Марија Француски јазик I5,6,  II1/3,II4/7 II5 10
45 Поповска Персида Англиски јазик I1,2,3,4,5 ,IV1,2 20
46 Гошевска Марина Англиски јазик I7,II2,3,4, IV3,4,7 20 II3
47 Вангелова Даниела Англиски јазик I6,II1,III1,2,3,4,5 20 II1
48 Дракалска Наташа Англиски јазик II5,6,7, IV5,6, 15
49 Пандова Васка Германски јазик I4, II5,III3, IV5 8
50 Касмска Дијана Германски јазик II1,2,3,4,7, III1,2,5, IV1,2,3,7 24
51 Илиевска Марија Вовед во право III2,3 4
52 Ралповска Весна Стручни угостителска

Практична настава

I6,I6,III5,IV7 21 I6
53 Матеничарски Ангел

 

Стручни угостителска

Практична настава

I6,I6,II7,III5,,IV7 20
54 Мирчиќ Александра

 

Стручни угостителска

Практична настава

II7,III5, 10
55 Бошковска Билјана Психолог I4

 

Раководители на паралелки  во учебната 2019/2020

Клас Раководител на паралелката Клас Раководител на паралелката
I1 Костадинов Драги II1 Даниела Бошнаковска Вангелова
I2 Корчовска Славица II2 Јованка Пешначка
I3 Дучевска Данче II3 Марина Гошевска
I4 Бошковска Билјана II4 Анче Тушевска
I5 Царовска Александра II5 Слободан Пандов
I6 Ралповска Весна II6 Татјана Димитровска
I7 Павловски Ванчо II7 Јаворка Постоловска
Клас Раководител на паралелката Клас Раководител на паралелката
III1 Ѓорѓи Мушкарски IV1 Владимир Капушевски
III2 Душанка Паговска IV2  Ивана Димовска
III3 Стојан Стојменов IV3  Новка Тасевска
III4 Гоце Џалевски IV4 Даниела Кускинска
III5 Сузана Рабаџиска IV5  Сашко Ташевски
III6 / IV6  Валентина Мирчовска
III7 / IV7  Јованчо Постоловски

 

Изработен е распоредот на часови.

Проектни активности/слободни часови

 

Проектните активности се посебно подрачје во наставниот план, чијашто функција е задоволување  на индивидуалните интереси и желби на учениците во одделни области, а истовремено се во функција на матурата за полесно изработување на проектната задача. Секој ученик во текот на учебната година избира по две проектни активности застапени со 35 часа од прва до трета година и 30 часа во четврта година или активности од областа на музиката со 70 часа.

Поради својата специфичност тие се разликуваат од наставните предмети и затоа се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови со по 70 часа од прва до четврта година по слободен избор на ученикот.

Слободните часови на училиштето се дефинирани како посебно подрачје во наставните планови за четиригодишното стручно образование. Со доброволното вклучување во слободните часови на училиштето се обезбедува полесно и побрзо  напредување на учениците во одредени програмски подрачја и наставни предмети, област, теми и содржини како и воведување и усовршување на определени истражувачки техники, методи и подготвување на проекти во функција на:

  • Задоволување на индивидуалните едукативни потреби
  • Поуспешна подготовка на завршниот испит и на матурската задача
  • Професионалната ориентација и кариерниот развој
  • Воспоставување на соработка со локалната заедница и социјалните партнери.

 Изборна настава

 

Изборните предмети се застапени во гимназиското и стручно образование. Преку изборните програми учениците ги прошируваат и продлабочуваат знаењата, способностите и вештините од научните области за кои се определиле. Обемот на изборните програми постепено се зголемува од втора до четврта година. Изборните програми се во функција на професионалната ориентација на учениците и нивна подготовка за поквалитетно следење на повисокиот степен на образование.

Учениците од прва година и нивните родителите на почетокот на учебната година се информираат со Наставниот план, односно наставните предмети кои ќе ги изучуваат во тековната година, како и со листата на изборни предмети. Веќе втора година учениците уште при запишувањето во прва година се определуваат за одредено подрачје и комбинација. На третата родителска средба родителите и учениците од втора година уште еднаш се потсетуваат на листата изборни предмети по подрачја и комбинации. Учениците во април се анкетираат и избираат одредено подрачје.

Изборните предмети се групирани во три изборни подрачја:

  • Природно-математичко
  • Општествено –хуманистичко
  • Јазично-уметничко

Изборните предмети имаат функција за продлабочување и проширување на знаењата кај учениците за подрачјето за кое се определиле.

Во прва година не постојат изборни предмети.

Во втора година од листата на изборни предмети учениците избираат еден предмет застапен со два часа неделно.

Изборни предмети во втора година се:

  1. Информатичка технологија
  1. Класични јазици( латински , старогрчки)
  1. Елементарна алгебра и геометрија
  1. Говорење и пишување
  1. Етика
  1. Елементарна алгебра

Во трета и четврта година за секое подрачје и комбинација се утврдени листа на изборни предмети.

Во трета година на учениците од текстилната струка им се нудат по два изборни предмети во функција на матура или завршен испит

  • за завршен испит: Технологија на конфекционирање и Конструкција и моделирање на облека
  • за матура: Хемија и Математика

Во угостителско-туристичката струка во трета година учениците можат да изберат:

  • за завршен испит: Агенциско работење, втор странски јазик и Хотелско работење  ( два од понудените три)
  • за матура: Математика и втор странски јазик

Дополнителна настава

За учениците кои имаат потешкотии во учењето во текот на учебната година ќе се организира дополнителна настава. Предметниот наставник е обврзан да изведува дополнителна настава ако по предметот се евидентираат повеќе негативни оценки. До 20 септември ќе се изработи распоред за дополнителна настава кој ќе биде составен дел на годишната програма.

Додатна настава

 

За учениците кои ќе покажат зголемен интерес за одделни научни и наставни содржини ќе се организира додатна настава преку која ќе се обезбеди проширување и продлабочување на содржините на одделни предмети и подрачја и учество на учениците на натпревари. Секој предметен наставник ќе изработи сопствена програма за додатна настава.

Продолжителна настава

 

За ученици кои се упатени на поправен испит согласно Календарот за работа по завршувањето на наставната година ќе се реализира продолжителна настава.

Менторска настава

 

Менторската настава се применува при реализација на проектните активности, изработка на проектна задача и при подготовка на учениците за учество на разни натпревари. Во рамките на оваа настава наставникот-ментор го открива интересот на ученикот, го следи , насочува, помага и го контролира.

Практична настава

 

Практичната настава е во функција на оспособување на учениците за извршување на операциите од областа на текстилното производство, угостителството и хотелиерството и подготовка за вклучување на пазарот на трудот.

Консултативна настава

 

Оваа настава ќе се организира за оние ученици на кои им е потребна помош во совладувањето на одделни содржини од предметите кои учениците не ги изучувале, го менуваат профилот или струката или се упатени на поправен и испит на годината и за учениците од завршните години во функција на матурата.

Воннаставни воспитно-образовни активности

 

Слободни ученички активности и натпревари, Општествено – корисна и хуманитарна работа на учениците, ученички екскурзии, здравствена заштита здравствено воспитание на учениците, ученички заедници и организации, соработка со локалната средина, соработка со родители, јавна и културна дејност на училиштето, одбележување на месецот на книгата, учество на спортски манифестации, организирање посета на театарски претстави, организирање посета на музеи, организирање на активности по повод Нова Година, организирање на програма по повод патрониот празник, одбележување на 21-ви Март – Ден на Екологијата, учество на Саем за образование,  учество  на Саем на книгата, одбележување на 24-ти Мај – Ден на словенските просветители, спортски и други натпревари и  др.

Индивидуализирани програми за работа со надарени и талентирани

 

Работа со надарени и талентирани ученици се организира со цел откривање и натамошен развој на учениците со натпросечни општи и посебни способности и создавање услови за нивно понатамошно напредување. Училиштето на овие ученици ќе им овозможи оптимални услови за изразување на нивните способности. Работата со надарените и талентираните ученици од било која област, ќе се реализира преку индивидуална работа во рамките на редовната настава, додатната настава, консултации, работа во групи со исти интереси, преку слободните активности, натпревари и др. За секој ученик или група ученици ќе биде задолжен ментор – наставник.

Наставниците по Македонски јазик и музичка култура во текот на  наставниот процес ќе ги идентификуваат надарените и талентирани ученици за ораторство, глума, пеење, свирење на музички инструменти. Заедно со учениците организираат индивидуални и тимски проекти по повод Патронен празник и манифестациите поврзани со струките во училиштето.

 

 

Поврзување на еколошката програма со редовната настава

 

Еко стандардите или стандарди за одржлив развој се водич за нашата образовна институција при создавање на полиса за подигање на еколошката свест на учениците, вработените и пошироко. Овие стандарди содржат јасно поставени цели кои носат и конкретни резултати. Со реализација на определените точки за акција од еко стандардите можеме да извршиме и конкретни промени во средината, а кои доведуваат и до финансиски заштеди.

Во рамките на наставните програми и наставните содржини наставниците ги поврзуваат еколошките теми-содржини со нивната наставна програма.

Употреба на ИКТ во наставата

 

Со напредокот на компјутерската технологија и опремувањето на училиштата со компјутер за секој ученик наставата стана посовремена, а со тоа и плановите и програмите добија нов начин на реализација. Секој наставник во својот глобален план вметнува најмалку 30% од часовите во кои ја користи оваа технологија.

Исто така, наставниците се должни секојдневно да го пополнуваат електронскиот дневник во кој имаат увид родителите за успехот, изостаноците и поведението на своето дете.

Почитувајќи ги предвидените цели и задачи на наставата, препораките ќе одат во насока на периодични и целисходно користење на КТ, како извор на нови сознанија, како помош за собирање податоци, информции, статистички податоци и поттикнување на креативните потенцијали на учениците . Притоа нема да се нарушува непосредната комуникација која е суштински приоритетна во наставниот процес.

Од оваа учебна година ќе може да се користи и елоктронската Смарт табла. Секој наставник одделно во своите годишни и тематски планирања е задолжен да предвиди и реализира ИКТ содржини во учебната 2019/20 год.  КТ особено ќе помага во соработката на училиштето, преку проекти, со локалната средина и со училишта надвор од земјата.

 

Ученички екскурзии

Училишните екскурзии претставуваат облик на воспитно-образовна работа кој се остварува преку различни активности надвор од училиштето со посети на природни и туристички места, образовни, културни и спортски установи, како и техничко-технолошки објекти во согласност со одредени цели и задачи од наставните програми и подрачја за развивање и остварување на различни интереси на учениците.

Училишните екскурзии можат да бидат:

  • Екскурзии поврзани со теми и содржини од наставните програми,
  • Завршни екскурзии
  • Стручно-истражувачки екскурзии
  • Спортско-рекреативни екскурзии

Во текот на учебната 2019/2020 година се планира да се реализираат следниве екскурзии:

  1. Една завршна екскурзија ќе се организира за учениците од трета година до најмногу 6 дена пред крајот на учебната година. Екскурзијата се изведува според однапред изготвена програма од страна на стручен тим кој го формира УО
  2. Екскурзиите поврзани со теми и содржини од наставните програми се задолжителни и опфаќаат посета на театарска претстава ( еднаш годишно за сите ученици), посета на опера и балет (за учениците од четврта година), како и посета на музеи во РМ.
  3. Во рамките на стручно-истражувачките екскурзии се планира посета на: Саем на книгата, посета на факултети, библиотеки, угостителски објекти, текстилни фабрики, лаборатории, туристички локации, учество на Образовно рандеву и слични манифестации.
  4. Спортско-рекреативните екскурзии ( Летни и зимски школи, кампување, летување и зимување, Есенски и пролетен крос) се организираат и изведуваат за учениците од прва до четврта година на образование за време на летниот и зимскиот училишен распуст.

Во продолжение се дадени во табела планираните екскурзии по активи, односно предмети, дестинација на посета, опфатот на ученици како и времето на реализација.

 

ПРЕДВИДЕНИ УЧЕНИЧКИ ЕКСКУРЗИИ  ПО ПРЕДМЕТИТЕ  ОД   АКТИВОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА И СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ  ВО  УЧЕБНАТА  2019/20 ГОД.

Предмет

 

 

Време на траење Дестинација Ученици Време на реализација
Англиски јазик

 

еднодневна Посета на Американски корнер во Штип

 

III, IV

I, II

Ноември,

Март

Француски јазик

 

еднодневна Посета на Француско-културен центар во Скопје

 

– II

IV

Март

 

Германски јазик

 

еднодневна Посета на Гете-институт и германска читална во Скопје

Посета на Денови на германскиот филм во Штип

 

– I, II

 

Февруари

 

 

 

Мај

 
Македонски јазик и литература

 

еднодневна -посета на театар во Скопје или Струмица

 

-посета на Саем на книгата во Скопје

 

-посета на кино

 

-посета на опера и балет

– II

 

 

 

– I, II, III, IV

 

– I

 

– III

 

Март

 

 

 

Април

 

 

Ноември

 

Февруари

 

ПРЕДВИДЕНИ УЧЕНИЧКИ ЕКСКУРЗИИ  ПО ПРЕДМЕТИТЕ  ОД  ПРИРОДНИТЕ  НАУКИ                                                 ВО  УЧЕБНАТА  2019/20 ГОД.

Предмет

 

 

Време на траење Дестинација Ученици Време на реализација
Биологија

 

еднодневна Едукативен центар за биодиверзитет – Негрево

Природно научен музеј на Македонија,

Зоолошка градина

и Ботаничка градина – Скопје

ПМФ – денови  на природни науки

I, II, III, IV

 

I

II

 

 

 

I, II, III, IV

Септември

Март, Април

 

Ноември

Географија

 

дводневна Рожен- опсерваторија – Бугарија и

 

 

II

 

Во текот на учебната година

 

Хемија

 

еднодневна – Посета на Институт за Хемија-ПМФ-Скопје

– Посета на хемиски спектакал – ПМФ

 

II,  IV

 

Сите години

 

Октомври

Во текот на наставната година

Физика

 

дводневна Рожен- опсерваторија – Бугарија и

 

III – IV Во текот на учебната година
Математика еднодневна Посета на Музејот на Аристотел – Олимпијада Грција Ученици од гимназиско образование Септември

 

 

ПРЕДВИДЕНИ УЧЕНИЧКИ ЕКСКУРЗИИ  ПО ПРЕДМЕТИТЕ  ОД  ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ  ВО  УЧЕБНАТА  2019/20 ГОД.

Наставен предмет Време на траење Дестинација Ученици Време на реализација
Филозофија

 

дводневна Посета на манастир св. Климент и Пантелејмон – Плаошник, црква Охрид, манастир св. Наум Охридски,

-манастир св. Архангел Михаил – Берово

IV год. Во текот на учебната година

2019/20г.

Историја

 

дводневна Посета НУ Музеј на Македонија, ЈУ Музеј на град Скопје, црква св. Спас, музеј на холокаустот на Евреите во Македонија, музеј на ВМРО, музеј на жртвите од комунистичкиот режим I

II

III

IV

Во текот на учебната година

2019/20г.

Спорт и спортски активности еднодневна  

– Посета на спортски натпревар

– посета на зимски центар – скијање,

-посета на фудбалски натпревар.

I

 

II

III

IV

Во текот на учебната година

2019/20г.

Ликовна уметност дводневна Посета на Манастир св. Гаврил Лесноски, манастир св. Јоаким Осоговски, музејски поставки ДК Димитар Беровски , Берово, црква св. Софија Охрид, I – II Во текот на учебната година

2019/20г.

Музичка уметност дводневна се приклучува кон ликовна уметност, додавајки посета на опера и балет во Скопје

 

I – II Во текот на учебната година

2019/20г.

Социологија еднодневна Посета на Собрание на Р.Македонија- посета на канцеларијата на ЕУ II

IV- стручно образование

Во текот на учебната година

 

Бизнис и претприемништво еднодневна Посета на саемот

,, Технома,,

IV година Октомври

 

Посета на текстилни фабрики и еднодневни екскурзии на текстилно-кожарската насока во учебната 2019 / 2020 година

    Активности   Врема на реализација
 Посета на АД „ Фротирка “ Делчево Во текот на учебната година
Посета на АД „Палтекс“ Делчево Во текот на учебната година
Посета на „Крзно“ Делчево Во текот на учебната година
Посета на АД „Алкалоид“ Берово

Посета на „Полотекс“ Берово

Во текот на учебната година
Посета на локални бутици Берово Во текот на учебната година
Посета на „Семан Фешан компани“ Штип Во текот на учебната година
Посета на „Албатрос“ Штип Во текот на учебната година
Посета на „Баргала“ Штип Во текот на учебната година
Посета на „Орка“ Скопје Во текот на учебната година
Посета на „Окитекс“ Скопје Во текот на учебната година
Посета на Техничко- Технолошки факултет Штип Во текот на учебната година
Посета на Технолошко – Металуршки факултет Скопје Во текот на учебната година
Посета на моден саем Скопје Во текот на учебната година
Учество на Образовно Рандеву Во текот на учебната година

 

Стручниот актив од угостителско – туристичката струка ги има предвидено следните посети:

Ред. бр. Активности Време на реализација
1. Посета на угостителски објекти за сместување  хотел “Манастир“, туристички комплекс “АУРОРА РЕСОРТ И СПА“ – Берово и х. Гогов – Пехчево Во текот на учебната година
2. Посета на угостителски објекти за сместување: тур. комплекс “Бела вода“, приватен сместувачки капацитет “Клепало“ и др. Во текот на учебната година
3. Посета на угостителски објекти за послужување на храна и пијалоци: угостителски објект “МРС“, “КАРАДАК“ Во текот на учебната година
4. Посета на угостителски објект за сместување х. Сириус и х. Глигоров во Струмица Во текот на учебната година
5. Посета на Меѓународен саем на туризам во Скопје април 2020
6. Посета на туристичка агенција Во текот на учебната година

 

Пред реализација на самите екскурзии задолжително е нивно планирање и програмирање за кои ќе се изготват и утврдат детални програми во кои ќе биде конкретизирана содржината на активностите при изведување на екскурзиите.

Програмите за планираните екскурзии треба да се достават до директорт на училиштето најмалку 10 дена пред реализирање на истите.

Оценување

     Видови оценување и календар на оценување

 

Предмет на следење, проверување и оценување на воспитно-образовната дејност ќе бидат постигнатите резултати во совладувањето на воспитно-образовните содржини, работните навики, степен на заинтересираност и ангажираност во учењето и практична оспособеност за примена на знаењата.

Постигнувањета на учениците ќе се вреднуваат со примена на различни стратегии на оценување. Оценката треба да биде одраз на залагањето на ученикот за време на часот како и надвор од часот. За таа цел начините со кои ќе ги оцениме треба да бидат разновидни и тоа:

  • Усмено оценување (базирано на стандардите за оценување и Блумовата таксономија)
  • Писмено оценување (преку објективни тестови)
  • Формативно оценување (за време на самите часови)
  • Сумативно оценување (на полугодие и на крајот на годината)

Усмено оценување: Определувањето на бројчаната оценка треба да ги има во предвид постигнувањата на ученикот во однос на запомнување и репродуцирање на наставните содржини, разбирање и сфаќање на обработените содржини, односно способност на ученикот нив да ги интерпретира со свои зборови, примена на научените содржини во конкретни задачи со познати и нови елементи, како и повисоките интелектуални способности на анализа, синтеза и вреднување, што подразбираат способност на ученикот за средување, комбинирање елементи во нови целини и способност за вреднување на оправданоста или наученоста на некое тврдење или дело.

Бројчаната оценка се утврдува на следниот начин:

  • Оценка доволен два (2) – знаењата на ученикот се однесуваат на запомнување и репродуцирање, ученикот треба да препознава од понуденото, да дефинира, да репродуцира факти, да набројува, да именува одредени поими и да го применува знаењето во наједноставни задачи.
  • Оценка добар три (3) – знаењата на ученикот се однесуваат на разбирање и сфаќање, ученикот е исполнителен во извршување на активностите за време на часовите, способен е да интерпретира факти, да споредува и набројува, да препознава поими и факти и да го применува знаењето во едноставни задачи.
  • Оценка многу добар четири (4) – занењата на ученикот се однесуваат на примена на задачи од познати и нови елементи, ученикот може да анализира факти и практично да ги применува знаењата, логички да размислува и да има свое мислење, да е постојано активен, исполнителен, редовен во учењето и обврските, да толкува, споредува, да ги разложува и илустрира со конкретни примери стекнатите знаења.
  • Оценка одличен пет (5) – знаењата на ученикот се однесуваат на анализа, синтеза и вреднување, ученикот може да ги применува знаењата за решавање на знаења со познати и нови елементи, да е способен за логично размислување и практично применување на факти, да има изградено сопствени ставови, да е способен да систематизира и генерализира, да истражува и ги применува знаењата, да е способен да ја поврзува теоријата со практиката, да користи дополнителни извори, да поставува и одговара на прашања на разни теми.

Писмено оценување: После секоја тематска целина (во зависност од наставниот предмет и потребите на наставникот) се проверува степенот на стекнати знаења преку објективни тестови (прашања од сите 4 скалила според Блумовата таксономија, прашања со заокружување, со дополнување, со поврзување, со објаснување, со решавање и др.). За таа цел бодирањето е на следниот начин: од 30% до 50% успешност на реализираност на тестот следи оцена два (2), од 50% до 70% следи оцена три (3), од 70% до 85% оцена четири (4) и од 85% до 100% оцена пет (5).

Формативно оценување: е процес кој се реализира на самите часови преку кој учениците и наставниците го согледуваат степенот на совладување на материјата, проблемите со кои се соочуваат, што треба да изменат и каде треба да се концентрираат повеќе за што поуспешно совладување на споменатото градиво.

Сумативно оценување: Следи како резултат на сите горе споменати форми на оценување и се врши на крајот на првото полугодие и на крајот на учебната година.

Тим за следење, анализа и поддршка

 

Во училиштето постои тим на наставници за следење, анализирање на реализацијата на наставата и поддршка на наставниците со посебен акцент на наставници – почетници.

Самоевалуација на училиштето

 

На секои две години се реализира самоевалуација, за таа цел се формирани 7 тима кои со соодветни методи и инструменти собираат и обработуваат податоци со цел да направат анализа во седумте подрачја според индикаторите за квалитетот на работењето на училиштето. Досега во нашето училиште се направени три самоевалуации (2012, 2014 и 2016 година).

Вон – наставни активности

          Училишен спорт

 

Во училиштето на учениците се нудат следниве училишни спортови: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и атлетика. Одговорните наставници ќе изработат програми за работа, ќе ги подготвуваат учениците за учество на спортски настани, турнири, натпревари и слични настани. Преку Сојузот на училишен спорт, училишниот спортски клуб, а во соработка со локалната заедница се прават напори за масовно вклучување на учениците во спортските активности и подигнување на спортската свест и култура.

Секции и слободни ученички активности

 

Учениците  ќе имаат можност да избираат ученички секции според својот интерес и потреба. Наставниците ќе изработат програми за следните слободни секции:

  1. ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА
  2. ДРАМСКА И РЕЦИТАТОРСКА СЕКЦИЈА
  3. ЕКОЛОШКА СЕКЦИЈА
  4. СЛОБОДНИ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
  5. ЛИКОВНА СЕКЦИЈА
  6. МУЗИЧКА СЕКЦИЈА
  7. СЕКЦИЈА НА ХУМАНИТАРНИ ОРГАНИЗАЦИИ
  8. СЕКЦИЈА НА МЛАДИ ФИЗИЧАРИ

 

Ученички натпревари

 

Во текот на учебната година во рамките на додатната настава наставниците ќе ги подготвуваат заинтересираните ученици за учество на сите општински, регионални, државни и меѓународни ученички натпревари. Училиштето ќе ги организира сите училишни натпревари предвидени во програмата на стручните активи.

Општествено-хуманитарна работа

 

Главни носители на општествено-хуманитарната работа во училиштето се учениците кои членуваат во ЦК ПХВ под водство на професорот Слободан Пандов. Својата хуманост ја афирмираат преку бројни хуманитарни акции, како и преку учество во крводарителските акции кои што се спроведуваат два пати во текот на една учебна година.

Еко – патроли

 

Во училиштето во текот на оваа учебна година ќе продолжат со работа веќе формираните  еко-патроли кои би ја следеле реализацијата на еколошката прогарма.

Поддршка на ученици

       Постигнување на учениците

 

Во текот на учебната година се следат постигањата на учениците, нивната редовност и поведение. Се прави анализа на успехот и по предметите по кои учениците постигнуваат послаби резултати се организира дополнителна настава. Се идентификуваат учениците со потешкотии во учењето и со нив стручната служба обавува советодавни разговори, ги упатува на ефикасни техники на учење и градење на работни навики. Исто така се идентификуваат и надарените ученици на кои преку додатната настава им се овозможува да ги прошируваат и продлабочуваат знаењата и да учествуваат на натпревари. На учениците им се овозможува своите активности да ги презентираат пред пошироката опшествена јавност како на пример: драмски проекти, учество во телевизиски емисии, изложби, проекти и слично.

За учениците од втора и четврта година се организираат разни форми на професионална ориентација (тестови на способности и интереси, презентации на факултети и сл.).

    Превентивна програма против насилство

 

Нашето училиште е вклучено во Програмата за намалување на насилството во училиштата од 2012 година.

Целта на оваа програма е да се воспостави национална политика за превенција на насилството во училиштето, да се развијат протоколи и процедури за идентификација и третман на насилно однесување и да се едуцираат учениците за ненасилно решавање на конфликтите.

   Превентивна програма против болестите на зависност

 

Целта на оваа програма е намалување на злоупотребата на наркотични средства и едуцирање на учениците преку содржини од сите наставни предмети за штетноста од злоупотребата на овие средства. Преку вклучување во разни активности и проекти учениците ќе градат и преферираат здрави животни стилови.

Училиштето ќе соработува со Центарот за социјални работи, МВР-оддел за малолетничка деликвенција и невладини организации за да им помогне на оние ученици кои покажуваат асоцијално однесување. Овие ученици ќе бидат вклучени во разни проекти и активности.

Безбедност во училиштето

 

Сите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес треба во училиштето да се чувствуваат безбедно и сигурно за да можат успешно да ја извршуваат својата работа. И родителите сакаат нивните деца училиштето да го доживуваат како безбедна средина и да се чувствуваат пријатно. Нашето училиште е едно од училиштата во кои досега нема забележано физичко насилство, а за превенција од насилство организирано е дежурство од ученици и наставници.

Училиштето има план за движење при евакуација, кој е проверен преку симулација на пожар и се покажа како успешен. Прилог план за евакуација.

Позитивна социо – емоционална клима

 

Во оваа учебна година се планира да продолжи проектот ,,Безбедни училишта,, во соработка со МВР, Меѓуопштинскиот центар за труд и социјална политика. Се планираат интерактивни работилници за родителите на ранлива група ученици од страна на стручната служба. Целта на овие активности е да се обезбеди почитување на личноста, слобода во изразувањето, меѓусебна доверба, почитување на мислењето на сите, еднаквост и правичност и без предрасуди однесување кон учениците, родителите.

Соработката со МЦСР – Берово е во насока на обезбедување паричен надоместок за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Наставниот кадар ќе се вклучи во сите обуки организирани од БРО, Центарот за социјална работа и високообразовните институции.

Во училиштето ке се реализираат акции и кампањи согласно предвидените активности во планот на активности и тековно според потребите на училиштетео и средината.

Грижа за здравјето

     Хигиената во училиштето

 

Посебно внимание ќе се обрне на одржувањето на хигиената во училиштето. Редовно ќе се чистат училишните простории и училишниот двор, а ќе се организираат и акции во кои ќе бидат вклучени и учениците со цел на подигнување на свеста кај учениците за грижа за себе и околината.

Планирана е санација на санитарните простории кои ги користат учениците со што ќе се подобрат хигиенските услови.

По налог на Министерството за здравство во училиштето редовно се превземаат превентивни  мерки за дезинфекција и заштита од заразни болести.

   Систематски прегледи

Сите ученици од прва година и од завршните класови ќе бидат опфатени со систематски прегледи во термини кои ќе се договорат со лекар од Здравен дом Берово и Пехчево. Учениците ќе бидат придружувани од раководителот на паралелката или лице од стручната служба.

Заради специфичноста на работењето во училиштето задолжително еднаш годишно се прават систематски прегледи и на вработените.

  Вакцинирање

Со календарот за имунизација и вакцинација ќе се реализира вакцинација на сите ученици од завршните години. Вакцинацијата ќе се спроведе во Здравен дом Берово и Пехчево, а учениците ќе бидат придружувани од раководителот на паралелката.

Едукација за зрава исхрана

Во рамките на класните часови (ОЖВ) и при реализација на наставни содржини (биологија, хемија, проектни активности) учениците ќе се запознаваат со начините за здрава исхрана, се со цел подигање на свеста за здрав живот.

Училиштето ќе направи напори да обезбеди стручни лица кои ќе реализираат едукативни предавања од областа на здравата исхрана.

Училишна клима и односи во училиштето

        Дисциплина

 

Со цел за подобрување на училишната дисциплина ќе бидат вклучени сите субјекти во училиштето како и родителите. Навремено ќе се преземаат конкретни мерки (идентификација на ученици кои ја нарушуваат дисциплината, советодавни разговори со нив, вклучување на родителите, дежурства на наставниците). За дежурствата на наставниците се изработува распоред. Во книгата за дежурства се води евиденција за тековните случувања.

      Естетско и функционално уредување на просторот во училиштето

 

Во многу сегменти од воспитно–образовната работа се води грижа за естетско уредување и одржување на просторот во училиштето. Притоа се вклучени сите субјекти во училиштето, а посебно учениците преку проектните активности, еколошката секција, реализација на точките на акција од екостандардите, со цел да се развива мулти културализмот и подигнување на свеста за зачувување на околината.

Етички кодекси

Во нашето училиште е изработен кодекс за однесување на учениците и наставниците, како и  еко-кодекс преку кој се дефинира целата мисија на училиштето. Преку еко-кодексот кој е истакнат на видно место се покажува посветеноста на училиштето за подобрување на условите во кои се учи и работи. Прилог Еко кодекс.

 Мулти-културализам

Се води грижа во реализацијата на сите активности да бидат вклучени ученици од сите етнички групи со цел меѓусебно запознавање, прифаќање и почитување на различностите.

Оваа година продолжува реализацијата на  проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, но по дново име МИМО, во рамките на кој проект е воспоставено партнерство со друго училиште кое е двојазично. Временската рамка на проектот е неограничена и можноста за сертификација на досега несертифицираните наставници.

      Односи меѓу сите структури

Се води грижа за подобрување на меѓусебната комуникација помеѓу вработените и учениците. За таа цел потребни се  обуки за подобрување на  комуникациските вештини, се организираат заеднички екскурзии, излети, прослави, дружења, коктели…

Професионален развој на образовниот кадар

         Детектирање на потребите и приоритетите

 

Еден од приоритетите кои произлегуваат од детектираните состојби од самоевалуацијата е потребата од професионален развој на наставниците. Според ЛППР на наставниците произлегуваат потребите за обуки и континуирано професионално доусовршување.

        Активности за професионален развој

Во самоевалуацијата  на училиштето како една од идните активности продолжува  професионалното  усовршување на наставниците во зависност од понудените обуки од страна на МОН и БРО.

 Личен професионален развој

 

Секој наставник индивидуално и колективно стручно се усовршува, индивидуално преку следење на стручна литература и колективно преку  учество на семинари и обуки. За професионалниот  развој се води професионално досие. Секој наставник во месец август треба да направи самопроценка на сопствените компетенции врз основа на која ќе се изработи план за професионален развој на училиштето.

       Хоризонтално учење

Стручните активи редовно одржуваат состаноци на кои дискутираат и разменуваат искуства и мислења. Исто така посетуваат и меѓусебно часови. Освен за размена на професионално искуство тимската соработка е многу важна и продуктивна за развивање на отворена комуникација, взаемно почитување и доверба, конструктивно решавање на проблемски ситуации.

Вклученост на семејствата во училиштето

Во животот и работата на училиштето

Родителите преку Советот на родители и членовите од редот на родители во Училишниот одбор директно се вклучени во сите сегменти во животот и работата на училиштето.

Советот на родители при ОСУ,, Ацо Русковски,, Берово  ги разгледува прашањата од животот и работата на училиштето, успехот, поведението и редовноста на учениците и дава мислење за подобрување на истиот.

Меѓу другото, Советот на родители учествува во донесување на одлуки и решенија за изведување на ученички екскурзии, односно за севкупно подобрување на условите за работа.

Во училиштето постои отворен ден за родители (секој прв четврток во месецот), како и пет редовни родителски средби на кои родителите имаат можност со свои предлози да учествуваат  во подобрување на квалитетот на работењето на училиштето.

Преку проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,, со заеднички активности на училиштето и родителите ќе се придонесе за зајакнување на врската родител-ученик-наставник, а во исто време и за јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес.

Во процесот на учење

Успехот, поведението и редовноста на учениците  ќе се разгледува во четири квалификациони периоди, за што Советот на родители може да  дава свои заклучоци и предлог мерки, за подобрување на истите.

Родителите ќе бидат вклучени во работата на Инклузивниот тим на училиштето и Инклузивните тимови по ученик.

Во активностите на училиштето

За време на родителските средби, усни реазговори и прашалници  на родителите им се дава можност да учествуваат во давање на иницијативи и предлози за реализација на слободни ученички активности, екскурзии и други манифестации, но мал број родители ја користат оваа можност. Советот на родители предлага да се организираат посети на културни настани, спортски натпревари, хуманитарни концерти и сл.

Во донесување на одлуки

Родителите партиципираат во давање на идеи, предлози и донесување на одлуки преку Совет на родители и Училишен одбор.

Едукација на семејството

Зависно од потребата која произлегува од работењето се организираат  советодавно-консултативни работилници – индивидуални и групни (советување на родители).

Изработка на флаери,брошури и др.стручни материјали  за родители

Изработка на  брошура за родители  по идеја на родителите, флаери за професионална ориентација, едукативни флаери итн.

Комуникација со јавноста и промоција на училиштето

Локална заедница( локална самоуправа, бизнис заедница, месно население)

Основна цел на ова подрачје е училиштето активно да се вклучи во средината во која работи, да ги афирмира и презентира резултатите од своето работење, да ја информира јавноста за својата работа и проблеми, да соработува со други организации и  ќе се остварува соработка со општините за размена на искуства, усогласување и осовременување на наставата и друга стручна соработка.

Ќе се користат повеќе облици и дејности низ кои ќе се реализира општествено-културната дејност, како:

  • ангажирање на стручњаци за работа со учениците во разновидни активности во слободните активности, во производната и друга општествено-корисна работа;
  • одбележување и прославување на поважни датуми;
  • вклучување на талентираните ученици во културно-уметничките и спортските друштва и во други специјализирани општествени организации;
  • запознавање на    општествената      средина     со    значајни     остваруввања во воспитно-образовната работа на училиштето;
  • запознавање на јавноста со остварувањата во воннаставните активности на учениците и др.;
  • претставување на училиштето;
  • отворен ден на училиштето;
  • хуманитарни активности;

 

Комуникацијата со Локалната заедница се реализира преку усна, пишана и електронска форма.  Соработката со социјалните партнери се реализира преку меѓусебна стручна помош, со луѓе и опрема при реализација на мали училишни проекти, отстапување на нагледни средства и помагала, прифаќање на ученици при реализација на планирани екскурзии и стручни посети, со претпријатија, социјални установи, институции на јавната администација. Ќе оствариме соработка со организации, компании, а учениците ќе бидат вклучени во сите манифестации што ги организира Општина Берово и Пехчево.

     Институции од областа на културата

Училиштето ќе воспостави комуникација со институции од областа на културата: библиотеки, музеи, театри, саеми и друго. Учениците ќе учествуваат на литературни, ликовни конкурси, ќе реализираат посети на културно-историски споменици, музеи, изложби, опера и балет  и слично.

    Институции од областа на образованието

Училиштето остварува континуирана соработка со МОН, БРО, ДПИ, ДИЦ, ЦССО  Секторот за средно образование како дел од општината, со овластениот општински инспектор, активот на директори на ниво на двете општини.

Во соработка со другите училишта и оваа година планираме да ја продолжиме досегашната соработка со средните училишта и факултети во  државата и надвор.

Планирана активност е посетата на ученици на некои училишта заради  размена на искуства  и стручни екскурзии.

Планирана е соработка преку спортски активности и натпревари на општинско, регионално и републичко ниво со други училишта од Републиката.

Планирана е соработка со стручните соработници, самостојните советници при БРО и Центарот за средно стручно образование. За сите потешкотии, нејаснотии или согледувања, предлози и мислења, учество во изготвување на наставни планови и програми планирана е соработка со што нашето искуство и квалитет ќе го пренесеме до надлежните институции, а со тоа да придонесеме во развојот на новите наставни програми.

    Невладини организации

Училиштето  е отворено за соработка со невладини организации на реализација на проекти одобрени од МОН и општините Берово и Пехчево.

      Спортски друштва

Спортски екипи од нашето училиште учествуваат на регионални, зонски и државни натпревари во различни спортови (кошарка,одбојка, ракомет, футсал, атлетика, фудбал).

      Здравствени организации

Заради грижа за здравјето и безбедноста на учениците училиштето ќе соработува со Здравствен дом – Берово и Пехчево, Институт за јавно здравје, ОО на Црвен Крст-Берово, Осигурителни компании за осигурување на учениците и вработените. Во соработка со овие институции ќе се организираат крводарителни акции, вакцинации на учениците, систематски прегледи (на учениците и вработените). Во месец декември во знак на одбележување на денот на сидата планираме едукативно предавање од страна на стручни лица, а во месец април се планира одбележување на денот на здравјето.

Медиуми

Поради непостоење на локални ТВ станици сите активности и настани училиштето ќе ги промовира во соработка со локалните радио станици, канал + телевизија,  на страната на училиштето на социјалните мрежи и на официјалната мрежа на општина Берово.

Линк за документарниот филмhttps://youtu.be/o9isCkCDFAE

Линк за Веб сајтhttp://acoruskovski.edu.mk/

Линк за Е-Учењеhttp://e-ucenje.acoruskovski.edu.mk/

Линк за Facebook PageЛинк до страницата

Линк за Е- Весник  – http://e-vesnik.acoruskovski.edu.mk/

Со цел промоција на училиштето преку пишани и електронски медиуми редовно ќе се информира јавноста за сите активности поврзани со реализација на програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

Во училишниот хол е поставено еко пано преку кое се информираат учениците, наставниците, останатите вработени, родителите и сите оние кои го посетуваат училиштето.

                                                                       Изработиле:

Јованка Пешначка – помошник директор

Билјана Бошковска – Психолог

Даниела Кускинска – педагог

Јаворка Постоловска – психолог

Ана Пеовска- дефектолог

 

 

ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово

Директор,

Сашко Корчовски

___________________