На 5ти октомври се одбележува Светскиот ден на учителот, па по овој повод се одржа настан во кој на професорите им беа доделени дипломи. По доделувањето на дипломите, професорите учествуваа во краток квиз подготвен од учениците, во кој улогата на професорите и учениците беше свртена.

Сите професори учествуваа на настанот и сите беа свикувани на сцената да им биде доделена дипломата од страна на претседателот на средношколската заедница. Исто така, на крајот и директорот доби диплома. Квизот заврши успешно во кој професорите одлично се покажаа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *