Училиштето “Ацо Русковски” е основано во учебната 1951/52 година како неполна гимназија „Страшо Пинџур”. Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953г., кога е верифицирана полна гимназија. Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште. Во 1960/61 година се враќа гимназискто образование, но продолжува да постои и економското училиште. Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата, а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски. Од учебната 1963/64 година средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки), се до 1978 година, кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетото работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 година се напушта концептот зa насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 година гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.