
На 29ти декември се одржа предновогодишната забава. Во програмата учествуваа учениците и се покажаа со своите способности за пеење, играње и глума и тие успешно ја забавуваа публиката. Создадоа прекрасна атмосфера и поради тоа имаше голема посетеност.
Програмата започна со танц изведен од водителите и продолжи со прекрасни точки во пеење, драми во кои беше вклучена сцена од серијата Преспав, потоа преку танц и музика се потсетивме на последните 100 години во чест на новата деценија.
Делот од забавата кој донесе најголема возбуда кај гледачите беше лотаријата. Главната награда изнесуваше 6000 денари, а имаше над 100 помали награди благодарение на големата поддршка од страна на спонзорите.
За крај имавме пародија на неколку песни од познатата балканска ѕвезда Јелена Карлеуша.