Активности

Предновогодишна забава 🎉🎉

На 29ти декември се одржа предновогодишната забава. Во програмата учествуваа учениците и се покажаа со своите способности за пеење, играње и глума и тие успешно ја забавуваа публиката. Создадоа прекрасна атмосфера и поради тоа имаше голема посетеност.

Ден на учителот

На 5ти октомври се одбележува Светскиот ден на учителот, па по овој повод се одржа настан во кој на професорите им беа доделени дипломи. По доделувањето на дипломите, професорите учествуваа во краток квиз подготвен од учениците, во кој улогата на професорите и учениците беше свртена.

Посета на евроамбасадорот Самуел Жбогар на Ацо Русковски

Амбасадорот Самуел Жбогар во пријатна атмосфера разговараше за потенцијалот на 🇪🇺 и како младите треба да бидат дел од „големата слика“ и придонесат кон креирање на стабилно општество. Ентузијазмот и енергијата беа видливи кај средношколците.