Посета на замокот Kylemore Abbey – место кое восхитува на прв поглед

Замокот бил изграден во 1867 година и најпрвин бил луксузен дом на Маргарет и Хенри Мичел. Во 1920 год. луксузниот дом станал манастир и училиште за довојчиња. Прекрасната глетка воодушевува на прв поглед и нуди можност за многу истражување, учење на историја богата со духовност, романса и релаксирање.   Фото-галерија:

Посета на Фармата на Ден О’Хара – Конемара

Конемара е област на западниот брег на Р.Ирска, полна со различни контрасти и бои, неистражени и диви предели како и многу гостопримство од локалното население. Фармата на Ден О’Хара во Конемара е изградена врз темелите на првобитната куќа на фармерот Ден О’Хара кој заедно со неговата сопруга и седумте деца биле насилно протерани од домот […]

GALWAY – градот прогласен за европски престолнина на културата за 2020 година

Благодарение на овластениот туристички водич Лиам Силке, учениците имаа можност да се прошетаат низ ветровитите улички на модерниот град Голвеј, исполнет со средновековен шарм и богато културно-историско наследство. Овој универзитетски град со околу 80.000 жители, сместен на западниот брег на Ирска со поглед кон Атлантикот, нуди за секого по нешто: традиционална ирска музика и танц, […]

Посета на рибарското село HOWTH – 17 км од Даблин

Благодарение на туристичкиот водич Шејн, учениците имаа можност, иако во отежнати временски услови, да ги истражуваат убавините на полуостровот Хаут, пешачејќи по скриените шумски патеки. Тоа беше едно поинакво патување низ времето, откривајќи ги природните шумски територии, егзотичните дождовни шуми, ливади и инспиративни карпи. Воедно, учениците имаа можност да уживаат во неверојатната атмосфера и различните […]