Проект бр.2: Зајакнување на претприемништвото во туризмот преку интегриран програм
за градење на капацитети

 

Во рамките на ЕРАЗМУС+ Програмата на Националната Агенција за европски образовни програми и можност, ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово доби грант средства за реализирање на проект „Зајакнување на претприемништвото во туризмот преку интегриран програм за градење на капацитети“. Проектот опфаќа двонеделна обука на учениците од угостителско- туристичката струка во Даблин, Р.Ирска. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со разликите меѓу традиционалните бизнис модели и бизнис моделот  Лин Канвас. Исто така, детално ќе биде разработен концептот на Лин Канвас,  причината за неговата примена во старт ап компаниите и значењето при креирање на е-маркетинг стратегија и е-бизнис план. Воедно, ќе се стави акцент на предноста на дигитален маркетинг и маркетинг стратегиите базирани врз моделот Лин Канвас.

 

 

Активности вклучени во овој проект:

(сите активности подетално со галерија на слики и опис ги имате на линкот)

12.01.2020 година

Туристичко разгледување на знаменитостите во Даблин


13.01-15.01.2020 година

Одржани работилници за Lean Canvas методологија и дигитален маркетинг со веб дизајн


16.01.2020 година

Посета на рибарското село HOWTH – 17 км од Даблин


18.01.2020 година

GALWAY – градот прогласен за европски престолнина на културата за 2020 година


19.01.2020 година

-Фармата на Ден О’Хара – Конемара

-Посета на замокот Kylemore Abbey – место кое восхитува на прв поглед