„Ацо Русковски“ сте Вие, ние, сите заедно. Важни сте ни сите Вие и сите кои се дел од вашиот живот. Што и да правиш тоа влијае врз луѓето околу тебе, без разлика дали ти тоа го забележуваш или не. Сите Вие оставивте силен печат за училиштето и за нашите градови – Берово и Пехчево, кои се гордеат со Вас.

Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во своите соништа. Чудата започнуваат кога ние повеќе ќе дадеме енергија на нашите соништа отколку на нашите стравови. Разликата помеѓу успешна личност и останатите не е во недостиг на сила ниту во недостиг на знаење туку најмногу во недостиг на желба. Нека Вашите желби станат реалност.

Горди сме што заедно се искачивме на врвот. Со труд и работа покажавме дека ништо не е невозможно. Верувајте во себе и вашите соништа!

 

Честитки до најдобрите ученици од гимназиско образование:

  1. Ана Пачемска – првенец на генерацијата 2016/2020
  2. Нада Бакаловска
  3. Кети Брашнарска
  4. Јордан Папалиски
  5. Марија Бубевска
  6. Викторија Фурнаџискa

 

Честитки и до најдобрите ученици од стручно образование:

  • Марија Гуџевска – Текстилно – кожарска струка
  • Живка Живановска – Угостителско – туристичка струка

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *