На 28.05.2020 година (четврток) во ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово се одржа финалниот настан од дисеминацијата на проектот „Зајакнување на претприемништвото во туризмот прекуинтегриран програм за градење на капацитети“ во рамки на програмата Еразмус+.

Проектот опфати двонеделна обука на учениците од угостителско-туристичката струка во Даблин, Р. Ирска. Целта на практичната обука беше поттикнување на претприемачкиот дух кај учесниците, да научат да го применат моделот Лин Канвас како алатка за генерирање на бизнис идеи и да ја разберат улогата на технолошките аспекти при развивање на маркетинг стратегијата.

Пред почетокот на дисеминацијата директорот на ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово, Сашко Корчовски ја истакна целта на проектот и позитивниот исход од интегрирањето на стекнатите знаења на учениците од сферата на претприемништвото и дигиталниот маркетинг во туризмот.

Пред присутните професори, родители, ученици и претставници од локалната самоуправа и угостителските објекти во Берово, учениците од угостителско-туристичката струка ги споделија стекнатите знаења и вештини од практичната обука во Р.Ирска.

Четирите тимови имаа уникатна можност да ги презентираат своите бизнис идеи креирани по методологијата на Лин Канвас и да ги убедат присутните лица во издржаноста на своите бизнис стратегии. На нив им се приклучија и новоформирамите два тима од учениците од угостителско-туристичката струка кои исто така генерираа свои сопствени бизнис идеи базирани врз моделот на Лин Канвас.

Дисеминацијата заврши со поттикнување на присутните гости за инвестирање во иновативните идеи како најголем капитал кои се и клучен момент во целиот човеков прогрес.

Повеќе фотографии од дисеминацијата се достапни на фејсбук страната на училиштето, достапна на следниот линк:

https://www.facebook.com/acoruskovski.edu.mk

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *