Конемара е област на западниот брег на Р.Ирска, полна со различни контрасти и бои, неистражени и диви предели како и многу гостопримство од локалното население. Фармата на Ден О’Хара во Конемара е изградена врз темелите на првобитната куќа на фармерот Ден О’Хара кој заедно со неговата сопруга и седумте деца биле насилно протерани од домот заради неплаќање на кирија. Целата негова животна приказна е испеана во истоимената балада. Преку презентирањето на колипката во која Ден О’Хара живеел со семејството и ископувањето на тресетот како гориво за затоплување, учениците имаа можност да се запознаат со животот на сиромашното население во тој дел на Ирска во 19 век.

 

Фото-галерија:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *