Во ОСУ „Ацо Русковски“ беше реализирана презентација на тема „Врсничко насилство“, со цел подигнување на свеста за важноста од создавање безбедна, пријателска и поддржувачка училишна средина.
Преку презентацијата учениците имаа можност да се запознаат со поимот врсничко насилство, неговите видови, причините за неговата појава и последиците што ги остава врз жртвите.
Исто така, беше истакната важноста од навремено препознавање, спречување и пријавување на насилството, како и улогата на секој ученик во градењето култура на почит, толеранција и меѓусебна поддршка.
Заедно испративме силна порака:
„Стоп за врсничкото насилство!“
Видеото беше снимано во просториите на училиштето каде се проектираа можни ситуации на врсничко насилство од страна на учениците. Во видеото учествуваа ученици од трета година (Евгенија Тушевска, Јана Руменовска, Павел Монев, Никола и Ненад Михаилови, Лилјана Ајтовска, Ангелина Коловска, Теона Цикарска, Луна Мановска, Бојана Ѓузелова). Техничка поддршка за обработка и подговка на видеото имаа од наставничката Ивана Димовска. Изготвени се и едукативни флаери за учениците од страна на ученичката Евгенија Тушевска. Презентацијата беше подготвена и реализирана од ученичката Теона Цикарска. Драмата ја напиша и режираше ученичката Евгенија Тушевска, а во неа учествуваа Евгенија Тушевска, Јана Руменовска, Павел Монев, Никола и Ненад Михаилови, Лилјана Ајтовска, Ангелина Коловска и Стефанија Биковска.

