Младинската канцеларија и текстилно-кожарската струка при ОСУ ,,Ацо Русковски ” – Берово, денеска стоплија неколку мали срца во групниот дом. Новата година и новогодишните празници се за дарување, хуманост, почит, љубов, среќа…. Златните дечиња не испратија со топли прегратки и желби за многу здравје,среќа и успех во Новата 2024 година