Во пријатна и позитивна атмосфера, нашето училиште ги отвори вратите за учениците од деветто одделение и успешно го реализираше
ОТВОРЕНИОТ ДЕН
. Настанот беше исполнет со многу насмевки, дружење, креативност и нови искуства, а идните средношколци имаа можност одблиску да го почувствуваат училишниот дух.
Преку интересни презентации, практични активности и демонстрации, деветтоодделенците се запознаа со образовните профили можностите што ги нуди училиштето. Наставниците и учениците со голем ентузијазам ги претставија секојдневните активности, успесите и проектите, покажувајќи дека учењето може да биде интересно, динамично и инспиративно.
Посебен интерес предизвикаа интерактивните активности, каде посетителите активно учествуваа, поставуваа прашања и стекнуваа нови знаења. Насмевките и позитивната енергија беа најдобар доказ дека Отворениот ден ја исполни својата цел — да ги доближи учениците до нивниот иден образовен пат.
Им благодариме на сите ученици, наставници и гости кои беа дел од овој прекрасен настан. Со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме и дел од овие млади и амбициозни ученици да станат дел од нашето училишно семејство.
















