Во рамките на Европската недела на спортот, Министерството за спорт ја организира глобалната кампања #BeActive, а нашето училиште во соработка со Општина Берово, со задоволство се приклучува во ширењето на здравите навики кај младите!
Ве покануваме на нашиот Училиштен спортски ден:
Датум: 24.9.2026 година (четврток)
Време: 10:00 часот
Локација: Училишниот двор на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово и спортската сала “Македонски бранители”
Заедно ќе спортуваме, ќе се забавуваме и ќе покажеме колку е важна физичката активност за секој од нас! Спортот нѐ обединува и нѐ прави поздрави.
#BeActive #MOVEMK #EWoS2026

