Нашето училиште и оваа година реализира успешен европски проект!
На 29.04.2025 година во ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово се одржа
промотивен настан за проектот „Здрава исхрана за здрава тежина“, поддржан
преку Еразмус+ програмата. на Националната агенција за европски образовни
програми и мобилност.
Благодарение на грантот од 51.992 евра, учениците од угостителско-
туристичката струка имаа можност да поминат две незаборавни недели, од 14 до
28 октомври 2024 година, во регионот Умбрија, Италија – регион кој е познат по
органското земјоделство и богатата гастрономска традиција. Таму, под менторство
на проф. Весна Ралповска и проф. Ангел Матеничарски, тие учеа и работеа на
мултифункционалната фарма Fattoria Biologica Patrice.
Ова интернационално искуството им овозможи на учениците да ги надградат
своите знаења во областа на туризмот и угостителството, да научат нови рецепти и
практики од италијанската кујна и најважно – да ја препознаат вредноста на
здравата исхрана за квалитетен живот.
Со успешната реализација на овој проект, училиштето ја продолжува својата
мисија за промоција на здрави животни навики и современо образование,
подготвувајќи ученици кои ќе бидат вистински амбасадори на здравата исхрана
во своите заедници.
ОСУ „Ацо Русковски“ по четврти пат го потврди својот капацитет за
спроведување на европски иницијативи и отвора пат за идни учества во нови
програми и партнерства, кои ќе придонесат за современо образование и поширока
европска соработка.

