Ацо Русковски

На денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, да се потсетиме на потешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе, и нивните потреби во остварување на правата за инклузивност во општеството.

Луѓето со попречености треба да ги уживаат поддеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку вредни, почитувани или вклучени во секојдневните општествени случувања. Напротив, и покрај бариерите со кои секојдневно се соочуваат, тие се тука меѓу нас, нивниот глас се слуша а нивниот труд се вреднува. Денес, учениците од ОСУ,,Ацо Русковски” – Берово,се дружеа со децата од дневниот центар. Нивните искрени насмевки и дадоа убава топлина на душата на секој од нас. Останете така убави и весели и дарувајте искреност затоа што таа и недостига на светот.

Види повеќе Активности

  • Датум 03/12/2023 - 03/12/2023
  • Време 11:00 - 12:00
  • Место Берово