Ацо Русковски
Денес во нашето училиште на пригоден начин беше одбележан Светскиот ден на менталното здравје -10 Октомври. Стана збор за значењето на менталното здравје, за квалитетот на општото живеење и беа испратени бројни пораки и совети од учениците за подигнување на грижата за менталното здравје бидејќи игнорирањето на менталното здравје станува се поопасно.
Настанот е реализиран од учениците од Младинската канцеларија и Средношколската заедница во соработка со училишниот психолог Јаворка Постоловска.Прогодни активности по тој повод беа реализирани и во дисперзираните паралелки во Пехчево во координација на психолог Елена Стамболиска.

Види повеќе Активности

  • Датум 10/10/2023 - 10/10/2023
  • Време 10:00 - 11:00
  • Место Берово