Ацо Русковски

Никој од нас не треба да биде причина за некој да се почувствува совладан и срушен пред нозете на било која болест или состојба. Не треба да бидеме причина за нечија несреќа или причина плус за будење предрасуди во општеството за некого или нешто. Недостатокот на информации, недоволната едуцираност и насоченост кон даден проблем, постојано не прави да бидеме збунети и на моменти неправедно да се однесуваме кон некои луѓе кои несвесно и без сопствена желба станале имуни на некаква состојба или болест, која ги довела до безизлезна ситуција. Не толку одамна, секој од нас имаше можност да се најде во таква ситуација, стравувајќи за сопственото здравје и живот ги избегнувавме сите контакти со луѓе се со цел да избегнеме инфекција предизвикана од вирусот КОВИД-19. Така се чувствиваат позитивните – ХИВ пациенти, чијшто живот во еден момент добива голем пресврт и огромен пад. Таквата ситуација на тонење од нас како општество бара пружање постојана поддршка, морално и хумано однесување, поголема едуцираност и користење на медицинските лица да не научат како да постапуваме кога во наша близина имаме такво лице.

Постојат разни облици на дискриминација кон ХИВ- позитивните личности како на пример: скратување на правото за основно и средно образование, губење на работно место, одбивање за медицинска нега, медиумска кампања и сензационалистичко известување за случувањата во кои се вклучени инфицираните личности, одбивање за вклучување во листата за пресадување на орган, одбивање од страната на околината (семејството и пријателите), физичко малтретирање итн. Денес е 1-ви Декември. Денес е светски ден за борба против СИДА. И ние го искористивме овој ден да ја поканиме нашата ценета докторка Јагода Шахпаска,која секогаш несебично се вложува во образложување и појаснување на нештата кои се поврзани со некои состојби и нарушувања на нашето здравје и начините и методите со кои треба да се заштитиме.

Види повеќе Активности

 

  • Датум 01/12/2023 - 01/12/2023
  • Време 11:30 - 12:30
  • Место Берово