Во периодот од 10-12 ноември,во ОСУ,,Ацо Русковски”Берово, се одржа традиционалната меѓународна изложба за иновации,пронајдоци и патенти,нови технологии и производи,истражувачки проекти и младинско истражувачко и иновативно творештво, 44-МАКИНОВА и 21-ЕКОНОВА 2023 година.Чест и задоволство ни беше што оваа година покрај учесниците од нашата држава имаше и учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, а посебно сме горди на посетата на високи функционери на нашата држава, а осебно на покровителот на манифестацијата Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски.
Огромна благодарност до СПАТУМ и Народна техника на РСМ, што го одбра токму нашето училиште да биде домаќин на овој меѓународен натпревар. Благодарност и до сите вработени во ОСУ,,Ацо Русковски”кои навистина беа на ниво на задачата или во вистинска смисла на зборот вистински домаќини.Најбројни беа наградите што ги добија учениците од нашата општина на кои посебно сме горди. Посебна благодарност до учениците и професорите од угостителско-туристичката струка кои на крајот не почестија со коктел и бифе маса за да и дадеме посебен сјај на оваа прекрасна манифестација. На првиот ден 10.11.2023 година.Гости на настанот Вицепремиерката Славица Грковска и раководителот на Министерството за наула Ељван Хасановиќ.