Ацо Русковски

Добредојдовте во

ОСУ „Ацо Русковски“

    Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ е единствено средно училиште на територијата на двете општини Берово и Пехчево. Гимназиското образование во Берово датира од далечната 1951/52 година како неполна гимназија, а од учебната 1953/1954 година е верифицирана полна гимназија под име „Страшо Пинџур“. Потоа е преименувана во „Моше Пијаде“, а по трет пат е променето името на      4 септември 1961 година во „Ацо Русковски“, коe име го носи и денешното Општинско средно училиште во Берово. Од 1977 година е воведено и стручно образование со разни струки од кои во континуитет до денес опстојува текстилната струка.

    Од основањето на училиштето воспитно-образовниот процес го реализираат голем број наставници кои доаѓале и си заминувале, а средното образование го заокружиле над 8000 средношколци, од кои не мал дел станале врвни стручњаци и доктори на науките во разни области. Од почетокот на работето на училиштето па до денес опстојувале повеќе насоки и струки (гимназија, економска струка, текстилна, дрво-преработувачка, културолошка, електротехничка струка), а моментално се реализираат планови и програми за гимназиско образование од општествено-хуманистичко и природно-математичко подрачје и стручно образование од текстилно-кожарска струка, угостителско-туристичката и шумарско-дрвопреработувачката струка. 

    Со цел да се задоволи интересот на учениците и потребите на локалната средина се прават напори за воведување нови струки. Моментално во училиштето се стекнуваат со средно образование 300 ученици распределени во 24 паралелки од кои 13 гимназиски и 11 стручни паралелки. Од учебната 2008/2009 година по иницијатива на Министерството за образование и наука нашето училиште е вклучено во пилот програма за отворање на дисперзирани паралелки. Во таа насока во учебната 2008-2009 година во зградата на ОУ “Ванчо Китанов” Пехчево се дисперзирани по 2 паралелки во I и II година и по една во III и IV година, додека денес (2023-2024) во посебно реновирана општинска зграда имаме само по една паралелка во втора и четврта година. Воспитно-образовниот процес го реализираат 48 наставници, кои во потполност ги исполнуваат бараните услови за настава, а во целосното функционирање на училиштето учествуваат 5 стручни соработници и уште 10 вработени како хигиено-техничка и административна служба. Од 2007 година со процесот на децентрализација, функционирањето на нашето училиште е под надлежност на Локалната самоуправа, а со тоа од мај 2007 година се преименува од Државно во општинско средно училиште.

Нашето училиште е вклучено во повеќе проекти и програми:

1.Еразмус + програма во стручното образование

2.SEA проект – Активности во средното образование

3.GLOBE – Светска еколошка програма, соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање

4.Промоција на хумани вредности (соработка со Црвен крст)

5.Осигурување на квалитет преку апликативни воспитно-образовни и наставни активности

6.Поттикнување на младите во политичките процеси – образование на млади гласачи

7.Советување на родителите

8.Програма за превенција од насилство

9.Програма за соработка со родителите

10.Фискална едукација на младите

Запознајте ги нашите професори

title-image
image
image

Душанка Паговска

Директор

Лидија Цикарска

Помошник Директор

Даниела Кускинска

Педагог

Јаворка Постоловска

Психолог

Елена Стамболиска

Психолог

Соња Мираковска

Библиотекар

Татјана Димитровска

Социолог

Марија Наџинска

Секретар

Стево Суџуковиќ

Референт за ученички прашања

Новка Тасевска

Професор по македонски јазик и литература

Лилјана Бојчовски

Професор по македонски јазик и литература

Анче Тушевска

Професор по македонски јазик и литература

Даниела Трнковска

Професор по македонски јазик и литература

Емилија Пачемска

Професор по македонски јазик и литература

Валентина Мирчовска

Професор по математика

Љубинка Павловска

Професор по математика

Марија Тасевска-Кировски

Професор по математика

Гоце Ружински

Професор по математика

Ивана Димовска

Професор по информатика

Наташа Ваканска

Професор по информатика

Даниела Бошнаковска Вангелова

Професор по англиски јазик

Марина Гошевска

Професор по англиски јазик

Персида Поповска

Професор по англиски јазик

Данче Дучевска

Професор по историја

Маја Рушковски

Професор по историја

Јованчо Постоловски

Професор по географија

Стојан Стојменов

Професор по географија

Билјана Ајтовска

Професор по хемија

Лидија Цикарска

Професор по хемија

Лилјана Јованова

Професор по биологија

Натка Ременска

Професор по биологија

Владимир Капушевски

Професор по физика

Ванчо Павловски

Професор по физика

Весела Радинска

Професор по спорт и
спортски активности

Горан Алаѓозовски

Професор по спорт и
спортски активности

Александар Мановски

Професор по спорт и
спортски активности

Драги Костадинов

Професор по музичка уметност

Слободан Пандов

Професор по ликовна уметност

Цветанка Пеовска

Професор по бизнис и претрприемништво

Борче Каракутовски​​

Професор по бизнис и претрприемништво

Иво Калаџиски

Професор по филозофија и логика

Васка Пандова

Професор по германски јазик

Сузана Рабаџиска

Професор по француски јазик

Наташа Шуманска

Професор по руски јазик

Сашко Ташевски

Професор по латински јазик

Александра Царовска

Професор по стручни предмети во текстилно кожарска струка

Фимка Ружинска

Професор по стручни предмети во текстилно кожарска струка

Жаклина Аврамска

Професор по стручни предмети во текстилно кожарска струка

Татјана Димитровска

Професор по социологија

Влатко Шалевски

Професор по социологија

Весна Ралповска​

Професор по стручни предмети во угостителско-туристичка струка

Ангел Матеничарски​

Професор по стручни предмети во угостителско-туристичка струка

Александра Мирчиќ

Професор по стручни предмети во угостителско-туристичка струка

Јасмина Механџиска

Професор по стручни предмети во угостителско-туристичка струка

Марија Павловска

Професор по вовед во право

Јаворка Постоловска

Професор по психологија

Наташа Аврамска

Професор по стручи предмети во шумарско-дрвопреработувачка струка