ОСУ„Ацо Русковски“

📌Денес во нашето училиште го одбележивме Денот на Македонскиот јазик, преку говори за неговата важност и рецитал ја истакнавме неговата важност и потреба.

📚Корените негови се длабоки и се поврзуваат со словенските говори што се развиле на овие простори уште од раниот среден век.

📌Во IX век, делото на светите браќа Кирил и Методиј заедно со нивните ученици Св. Климент Охридски и Св. Наум оставило длабока трага во писменоста и духовноста на словенскиот свет. Од тие темели низ вековите се развиле македонските народни говори.

📚Долго време македонскиот јазик живеел пред се во народот. Во песните, во приказните, поговорките и секојдневниот говор. Иако немал официјален статус, тој опстанал преку мудроста на народот, преку мајчината реч што се пренесувала од генерација на генрација. Во него се чувала душата на Македонија.

📌Но, историскиот миг настапил на 2-ри август 1944 година, на првото заседание на АСНОМ кога македонскиот јазик бил прогласен за службен јазик на македонската држава.

📖Потоа, на денешен ден, 5-ти мај 1945 година, била усвоена македонската азбука. Кратко потоа, на 7ми јуни истата година бил усвоен и правописот. Со тоа официјално била извршена кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Од тој ден, македонскиот јазик застанал исправен меѓу светските јазици-достоинствен, јасен и свој

✨️ Наша должност денес е да го чуваме, негуваме и збогатуваме нашиот јазик. Да зборуваме правилно, да пишуваме со љубов и да го пренесуваме со гордост. Зошто народ без јазик е народ без глас. Народ што го чува својот јазик ја чува својата вечност. И како што рекол нашиот великан Блаже Конески:

✨️“Јазикот е единствената наша татковина”.✨️

Повеќе слики