На 30.4.2026 година, нашите поранешни и сегашни ученици покажаа дека Малешевијата го има најдоброто.
На Ораторската вечер организирана од Ана Шоповска и Иван Стојановски учествуваа ученици од нашето училиште кои ги претставија своите големи ораторски способности.
Стефанија Биковска, Рената Делиовска и Глигор Поповски со своите настапи не потсетија дека треба да бидеме гласни и да го кажеме она што го мислиме.
Честитки за Глигор Поповски кој го освои ВТОРОТО МЕСТО.
Браво за сите наши ученици ВИЕ сте нашата гордост и мотивација![]()

